1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ-можност за суспензија на визната либерализација

8 ноември 2010

Советот на министри на ЕУ донесе одлука за укинување на визите за граѓаните од БиХ и Албанија. ЕУ воведува контролни механизми за земјите кои пред само една година добија визна либерализација за своите граѓани.

https://p.dw.com/p/Q1gu
Фотографија: dpa

Злоупотребите кои произлегоа од укинатиот визен режим со бројните економски бегалци кои ги напуштија балканските земји во потрага по попросперитетен живот во ЕУ доведоа до денешната одлука на министрите за правда и внатрешни работи на Унијата. Односно, дека отсега натаму ЕУ ќа бара од Србија, Македонија и Црна Гора увид во граничното управување, засилена соработка на разузнавачките служби и проверки врз биометриските патни исправи, односно сите услови кои земјите требаше да ги исполнат за да ја добијат визната либеразлиација.

ЕК ќе треба да формира и ургентен центар штом ќе се појави проблем каков што беше оној со азилантите или друг вид на злоупотреба.

Themenpaket Schengen Abkommen Ort Schengen
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Визната либерализација може да биде и суспендирана

Покрај сите овие, пред се‘ политички мерки, ЕК ќе има обврска секои шест месеци да објавува извештај за напредокот на визната либерализација. Доколку една или повеќе земји-членки се најдат соочени со бран на економски азиланти, ЕК ќе може да предложи привремени мерки во корист на засегнатите земји во согласност со член 78 на Лисабонската повелба.

Тоа во други зборови значи дека визната либерализација ќе може да биде суспендирана.Оваа мерка постои во Повелбата од Лисабон и не е нешто ново, но целта на земјите на ЕУ со денешната забелешка е да ги потсети владите од регионот дека доколку не преземат итни мерки да ги спречат економските азиланти час поскоро, последиците можат да бидат многу поостри.

Истите овие мерки ќе важат и за двете држави за кои денес беше донесена одлуката и ним да им се укинат визите – Босна и Херцеговина и Албанија.

Денешното воведување контролни механизми всушност нема да го почувствуваат граѓаните, туку државите и се разбира оние кои ги прекршиле правилата на ЕУ за слободно движење во нејзините граници. Добрата вест на денот останува зеленото светло за Тирана и Сараево, кои лани единствени останаа без визна либерализација. Конечно и овие граѓани ќе имаат можност да патуваат низ Шенген-зоната речиси слободно.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема