1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ ќе ја поддржи економијата со сите средства

ЖА
13 март 2020

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен најави инвестициски пакет со волумен од 37 милијарди евра за амортизирање на последиците од епидемијата на коронавирус за државите-членки.

https://p.dw.com/p/3ZNKG
Brüssel PK Ursula von der Leyen
Фотографија: Reuters/J. Geron

„Убедена сум дека Европската унија може да го издржи овој шок“, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска во Брисел. „Но, секоја членка мора целосно да понесе своја одговорност, а ЕУ како целина мора да дејствува одлучно, координирано и единствено.“

Фон дер Лајен истовремено најави дека државите ќе добијат маневарски простор во однос на придржувањето кон дозволените дефицити на заедницата, исто како и дополнителна помош. ЕУ ќе преземе гаранции во висона од осум милијарди евра за кредити на 100.000 фирми. Заменикот претсеател на Европската комисија, Валдис Домбровскис ги потврди изјавите на Урсула фон дер Лајен, дополнувајќи: ЕУ е подготвена важечките правила за буџетите за државите кои се посебно погодени од кризата со коронавирусот, да ги прилагоди на нив. Во случај на силен конјуктурен крах, можна е примена на вонредни правила.

Германија: Неограничен кредит за фирмите поради коронавирусот

Коронавирусот и берзите: Ќе биде ли уште полошо?

Коронавирус: Песната на црниот лебед

Европската комисија прогнозира пад на економскиот раст во ЕУ за оваа година поради кризата со коронавирусот. Развојот за годинава беше проектиран на 1,4 проценти, но можно е тој да падне под нула, изјави денеска во Брисел висок функционер на ЕК.