1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Започна прегласувањето на дел од избирачките места во Македонија

15 јуни 2008

Процесот се повторува на 187 избирачки места во изборните единици, еден, два и шест, каде на 1 јуни беа регистрирани неправилности и сериозни инциденти.

https://p.dw.com/p/EJwc
Фотографија: DW

Утрината во седум часот во делови на Македонија започна прегласувањето на предвремените парламентарни избори. Процесот се повторува на 187 избирачки места во изборните единици, еден, два и шест. Таму на 1 јуни беа регистрирани неправилности и серија тешки инциденти, во кои едно лице загина, а повеќемина беа повредени и уапсени.

Право на глас во овие избирачки места имаат 161.874 граѓани. Во ДИК сеуште немаат потврда дали утринава во седум часот регуларно се отворени неколку избирачки места во Тетово. Првите официјални информации Комисијата ќе ги соопшти околу 11 часот. Меѓународните претставници во земјата апелираа за мирно, фер и демократско прегласување. Албанскиот премиер Сали Бериша, синоќа побара од албанците во Македонија да гласаат како европски граѓани и да не дозволат поединци да го нарушат процесот.