1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И Корона „боледува“ поради коронавирусот

БГ /АП
29 февруари 2020

Конфузијата меѓу коронавирусот и Корона пивото стана тема на многу несолени шеги во изминатиот период, но за брендот, работата не е за смеење...

https://p.dw.com/p/3Yckf
Corona Bier
Фотографија: Getty Images/S. Olson

Фразата „38% од Американците“ стана тренд на Твитер во петокот откако една анкета откри дека толкав процент од љубителите на пиво „сега не би купиле Корона под ниту едни услови“. Имено толкав процент од анкетираните сметале дека пивото Корона има некаква врска со епидемијата на коронавирусот. Анкетата ја објави маркетиншката агенција 5W која, според некои извори, работи за конкурентска компанија за производство на пиво.

Но фирмата „Констелејшн брендс“ која го поседува брендот „Корона“ вели дека продажбата на пивото во САД и понатаму е на високо ниво и ги отфрла податоците од анкетата.
„Не сме забележале никаков ефект врз нашите луѓе или работа и нашиот бизнис продолжува да функционира многу добро“, вели Бил Њуландс, првиот човек на „Констелејшн“.
Но брендот веќе се соочи со критики на социјалните мрежи поради лошо формулираната рекламна кампања за новата понуда во САД. Новите пива, достапни во четири „вкусни“ вкусови  ќе „допливаат до брегот наскоро“, се вели во рекламата која веќе имаше 7,3 прегледи на Твитер во петокот.
„Со оглед на тоа што е главна вест во моментов, ова се чини како многу лош вкус“, напиша еден критичар.
„Сигурен сум дека Короната секогаш имала неверојатно лош вкус“, напиша друг.

Компанијата 5W, која направи анкета на 737 редовни пивопијци во САД, откри дека 16% од анкетираните биле збунети дали Корона е поврзана со вирусот.

Резултатите од анкетата беа поддржани и од извештај на фирмата за анализи на пазарот ЈуГов која посочи на растот на интернет пребарувања на фрази како „Корона пиво вирус“, што исто така штети на репутацијата на брендот.

Омиленоста на брендот Корона падна од 75 проценти на почетокот на јануари на 51 отсто на крајот на февруари годинава, открива сондажата на потрошувачите на ЈуГов.