1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И Меркел била цел на хакерските напади

4 јануари 2019

Илјадници лични податоци и документи на политичари, уметници и други познати личности се објавени на интернет. Погодени се речиси сите партии во Бундестагот, како и германската канцеларка.

https://p.dw.com/p/3B2Eh
Angela Merkel telefoniert
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Jensen

Германската министерка за правда Катарина Барли оцени дека се работи за „тежок напад“. Радио-телевизија РББ беше прв медиум кој информираше за кражбата и објавувањето на тајни податоци од мобилни телефони, приватни чет-комуникации, адреси на политичари и други многу приватни информации, како и интерни партиски документи. Сето тоа било објавено на Твитер-профил кој бил долго време неоткриен, а затворен е денеска. Според РББ, сопственикот на профилот од каде што се ширеле украдените податоци се опишува себеси со поими како безбедносни истражувања, уметник, сатира и иронија. Според сопствените наводи, се наоѓа во Хамбург. Податоците биле проширени уште пред Божик, во еден вид адвентски календар, но биле забележани дури вчеравечер. Кој стои зад нападот и со каква цел ги има ставено податоците на интернет, сѐ уште не е јасно. Од она што е објавено, се создава впечаток дека се напаѓало хаотично и по случаен избор.

Symbolbild Laptop IT Hacker
Фотографија: picture alliance/NurPhoto

Со нападот се погодени сполитичари од сите партии застапени во Бундестагот, со исклучок на деснопопулистичката Алтернатива за Германија (АфД).

Меѓу жртвите е и германската канцеларка Ангела Меркел. Германската влада тврди дека не се украдени сензитивни информации. Владата го третира случајот „многу, многу сериозно“, изјави заменикот портпарол на владата, Мартина Фиц.

Весникот „Билд“ тврди дека хакерите го нападнале и Сојузниот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, а стигнале и до многу чувствителни информации за шефот на Зелените, Роберт Хабек, генералниот секретар на СПД, Ларс Клингбајл и поранешниот лидер на СПД, Зигмар Габриел. Освен тоа, според весникот, погодени се и познати новинари од јавниот радио-дифузен сервис.

Повеќе: Сите шпионираат: Нова дигитална несигурност

Министерката Барли оцени: „Напаѓачите сакаат да ѝ наштетат на довербата во нашата демократија и нејзините институции.“ Таа побара брзо откривање на напаѓачите и нивните мотиви.