1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изнајми јахта преку апликација!

18 јуни 2019

Станува збор за своевиден Airbnb за јахти. Изнајмувањето чини меѓу 3.000 и 695.000 евра, во зависност од големината и луксузноста на суперјахтата.

https://p.dw.com/p/3KczH
Luxusjacht Eclipse
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Nogier

Летото пристигна!  И единственото нешто што недостасува е суперјахта. Но, за тоа се потребни милиони.  Не повеќе!

Имено суперјахта можете од пред некое време да се изнајмите на Јота (Yotha). Станува збор за своевиден Airbnb за јахти.

Изнајмувањето чини меѓу 3.000 и 695.000 евра, во зависност од големината и луксузноста на јахтата.

„На нашата веб-страницата, можете да го изберете вашиот брод, бродот кој би сакале да го имате за одмор и да го разгледате,  преку виртуелна прошетка од 360 степени“, вели Карло Бенведути, генерален директор на Јота.

Суперјахта за само 3000 евра!

Апликацијата, исто така, нуди консиерж услуги како и хеликоптер за изнајмување. Но, сето тоа дефинитивно не е за луѓето со ограничен буџет. Конечно бизнисот е јасно насочен кон оние со повеќе пари. Тој има за цел да ги поврзе сопствениците на суперјахти и компјутерските хипстери кои имаат пари во изобилство.

„Мислам дека тоа дава легитимна алтернатива, но оти нема да го опфати целиот пазар. Впрочем веќе неколку години е на пазарот.

Но, сметам дека во иднина во секој случај традиционалните модели се' повеќе ќе се стремат кон технологијата“.

Изнајмување суперјахти преку Јота во моментов е достапно само на Медитеранот. Целта е пак проширување и во други региони.