1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Или топол дом или чист воздух

Ламиа Браво | Младен Ѓорѓевиќ
6 декември 2019

Граѓаните на српскиот град Ниш во текот на зимата дишат, на моменти, и екстремно загаден воздух. Зошто тогаш греењето на дрва за многумина и натаму е прв избор?

https://p.dw.com/p/3UJmj
Luftverschmutzung Nis Serbien
Фотографија: DW/J. Djukic Pejic

Во Ниш, градот на југот на Србија, стандардот на жителите е многу лош. А и воздухот кој го дишат е со лош квалитет. Овие две работи се поврзани, бидејќи жителите на Ниш поради високите цени на централното греење преминаа да се греат на дрва. Кои се причините зошто иднивидуалните ложишта и натаму се најраширени, иако тоа еколошки е најпогубен начин на греење во Ниш? Драгана која ја сретнавме на пазарот за огревно дрво истакнува: „ Затоа што е тоа еколошки, затоа што е чисто, затоа што е поздраво од каков било друг вид на греење. Цените годинава мислам дека се во просек како и минатите години значи ништо не е посебно поскапо отколку претходните години. Значи 4.500 годинава... тоа е пристојна цена“.

Ниш се гуши а централното греење прескапо за многумина

Значи, неинформираноста на граѓаните, но и пристапните цени се причина зошто најголемиот број од граѓаните се одлучуваат да се греат на дрва. За попристапни цени на централното греење, пак долги години се бори  професорот Ѓокица Јовановиќ.

 „Во 2014 година топланата ги зголеми цените за околу 100 отсто. На многу пензионери сметката за греење им беше повисока отколку пензијата.Тогаш закажавме и протест пред топланата, па одржавме цела низа протесни прошетки до гратската куќа. Тоа јас го кажав на еден од тие митинзи, владејачката гарнитура да се финансира од јавниот сектор“, вели Јовановиќ

Борбата на Јовановиќ и неговото движење на слободни станари вроди со плод на почетокот, но интензитетот на оваа борба по остварените првобитни цели почна да се намалува. „Треба да се критикуваат и граѓаните, како граѓаните успеваа и да остварат некои од тие свои интереси, тие веќе губеа интерес понатаму да се занимаваат со тоа, да доаѓаат на протести, да доаѓаат на трибини. Суштината на граѓанскиот активизам, според мое мислење, е да се има голема кондиција и тогаш кога ќе се извојуваат некои победи и намату да се држи таа температура, да се држи таа пресија. Значи, граѓаните да го контролираат однесувањето и на локалните власти, ако сакате и на централните власти, бидејќи без тоа граѓаните секогаш ќе мораат да ја платат цената за она што не треба да го платат“, порачува Јовановиќ.

Додека граѓаните не се активираат, им останува само греењето на дрва, со што и' штетат и на околината и себеси.