1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италија - Аванти дилетанти!

Барбара Везел
1 јуни 2018

Уште не се знае колку прескапи ветувања новодојдените на власт во Италија навистина ќе исполнат. Брисел го чекаат немирни времиња со новата италијанска влада, коментира Барбара Везел.

https://p.dw.com/p/2ynwT
Italien Regierungsbildung | Giuseppe Conte, designierter Premierminister
Фотографија: Reuters/A. Bianchi

При формирањето на италијанската Влада победи принципот- подобро врапче во рака отколку гулаб на гранка. Матео Салвини, итриот стратег од десничарската Лега, долго се двоумеше и се надеваше на нови избори. На крајот претпазливоста надвладеа, и тој се согласи на бракот од корист со движењето Пет ѕвезди - по втор пат.

Ќе биде чудно доколку новиот премиер Џузепе Конте биде повеќе од марионета во рацете на шефовите на двете коалициски партии. Непознатитот професор по право не е вкотвен ни во Лега ни во Пет ѕвезди, неговата моќ е на реверс. Конте е одбран да биде слаба фигура- шеф на влада кој ќе мора да ги повика двете партиски централи пред да договори нешто со колешката Меркел или со Макрон.

Непознати професори и почетници

На тој начин натаму се редат имињата на новаците во владата од кои речиси никој порано не водел ни општинска управа. Новиот министер за финансии е досега непознат професор по економија, без никакво искуство во политиката. Кога е соопштено неговото име, новинарите трескавично почнаа да „гуглаат“ кој е тој човек. Меѓу првите сознанија се слуша дека Џовани Трија не е противник на еврото.

Повеќе:

-Италија не изгледа добро

-Италија: Котарели или хаос?

-Неуспех на популистите во Италија

Целата влада се состои од почетници, со исклучок на новиот шеф на дипломатијата Енцо Моавер Миланези кој има завидна кариера во Европската комисија, Европскиот суд и во италијанските влади. Тоа на владата во очите на избирачите ѝ дава дополнителна веродостојност бидејќи меѓу стандардите популисти припаѓа и гневот кон наводниот естаблишмент.

Но, како што се гледа од примерот на градоначалникот на Рим кој доаѓа од Пет ѕвезди и во главниот град не успева да направи речиси ништо, вршењето на власта бара повеќе од големи зборови и неколку добри намери.

Програмата на бракот меѓу две идеолошки неспоиви партии се состои пред сѐ од подароци за нивните избирачи кои од буџетот не можат да се платат. Толку се нетрпеливи нешто да сменат, да доведат нови луѓе во политиката, што во брзината се одучија од калкулатор.

Barbara Wesel Kommentarbild App *PROVISORISCH*
Барбара Везел, авторка на коментарот

Таканаречениот Flat-Tax, иста даночна стапка за сите, со кој лидерот на Лега, Салвини сака да ги усреќи своите симпатизери, всушност државата ќе ја чини милијарди, а граѓаните ќе ги растовари дури ако имаат приходи над 30.000 евра годишно. Малите луѓе кои претежно гласаа за популистите, всушност ќе плаќаат повеќе отколку што плаќаат сега.

Основниот приход кој Пет ѕвезди им го вети на сиромашните од југот на земјата е надомест за социјалното осигурување кое во Италија веќе со децении недостасува. За жал државата за тоа нема пари. Огромните дупки кои споменатите мерки ќе ги отворат во државната каса не можат да се затнат со наталожување на долгови.

Воопшти, основната економска идеја е доведена во прашање во актуелната состојба во светот: може ли Италија навистина да го намали државниот долг така што ќе троши повеќе? Голем број економски експерти го застапува ова учење. Но со оглед дека Доналд Трамп во моментов ја задушува глобалната економија, тешко е да се замисли дека Италија ќе излезе од вирот во кој паднала.

Ноќна мора за Европа

На ЕУ ѝ фалеше само уште популистичка влада во Италија. Едвај беше надмината грчката криза, а веќе наидува наредната уште поголема закана за еврозоната. Италија економски е десетпати поголема од Грција. Ако Рим тргне кон државен банкрот, крахот на финансиските пазари би можел да ја вшмука целата заедничка валута. 

Сѐ уште не се знае колку од прескапите ветувања новаците во Италија навистина ќе исполнат. Во секој случај Брисел го чекаат немирни времиња, бидејќи владата на Конте ќе бара неконтролирано да го троши позајменото. Таква дозвола ЕУ не може да даде бидејќи крах би бил неизбежен.

И на други полиња со овие Италијанци ќе има само кавги. Тирадите на Салвини за раздвојување на расите во возовите покажуваат екстремно десничарски, расистички поглед на светот. Ако како министер ги натера мигрантите во оградени кампови, во Италија прво ќе избувне грчевита борба за човекови права. Загатка е зошто лево насоченото движење Пет ѕвезди ги трпи демогогијата и плановите на Салвини.

И уште нешто: популистите во Рим ги убедуваат луѓето дека Германија е виновна за италијанската криза. Тоа е злонамерна глупост. Статистички просечната благосостојба по глава на жител во Италија е поголема отколку во Германија. Но во Италија има голем проблем со распределбата,

Драги Италијанци, погледнете прво во сопствениот двор и не припишувајте им ги на други хаосот, корупцијата, јавашлукот и сето она што ја кочи вашата убава земја. Во спротивно важи: Аванти дилетанти!