1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како нападите од 11 септември ја променија Германија

10 септември 2011

Десет години по нападите од 11 септември во САД, Германија е изменета. Земјата досега остана поштедена од терористички напади. Голем број обиди беа спречени навреме.

https://p.dw.com/p/12WXA
Фотографија: Montage DW/AP

Осама бин Ладен им објави војна на САД. Неговиот напад ќе го смени целиот западен свет. Берлин на 12 септември 2001. И германскиот парламент е шокиран. Канцеларот Шредер се обидува да најде зборови за неверојатното:

„Вчерашниот 11 септември ќе влезе во историјата како црн ден. Денеска сме уште без зборови, соочени со невидениот атентат врз она што е јадро на кохезија на нашиот свет.“

Имено слободата! Германија јасно се позиционира на страната на САД. Шредер изразува сочувство како еден од првите светски државници и заедно со САД оди во војна против Ал Каеда и нејзините поддржувачи во Авганистан. Слободата на Германија треба да се брани во далечната земја.

Со тоа Германија станува цел за терористите. Тие упатуваат закани, има и обиди за атентат. Две децении по Фракцијата на црвената армија, Германија повторно се плаши од терористички напади - и тоа повеќе од порано:

„На 11 септември светот беше потресен во неговите темели, барем западниот. Почнавме одеднаш да се чувствуваме многу несигурни, по подолгиот период на релативна сигурност. И тоа остана до ден денес, стравот од терористички атентати...“

Одбраната стана задача број еден

Стратегијата на терористите вродува со плод, тие ја користат терористичката закана како средство за политички притисок. Така и во Германија одбраната од нив станува задача број еден на четворицата министри за внатрешни работи во последните 10 години. Првиот, Ото Шили реагираше брзо и решително:

Osama bin Laden Tod Reaktion Deutschland US Botschaft
Фотографија: dapd

„Станува збор за спречување на таквите здруженија, кои религијата ја користат како параван за други цели!“

Тој донесува дури 10 законски акти во рок од само неколку недели. Нивната цел е да се спречи заканата од исламисти. И наследникот на Шили, Волфганг Шојбле, продолжува во иста насока и ја засилува одбранбената моќ на Германија:

„Ситуацијата е и натаму сериозна. Се наоѓаме во опасност, има сили кои подготвуваат атентати против нас. Но, за среќа има и сили кои прават се’ тоа да не се случи... Под одредени услови мораме да ги ограничиме и основните права.“


Се менува балансот меѓу безбедноста и човековите права

Ќе прерасне ли правната држава во полициска? На таков развој предупредуваат критичарите. Писателот Илја Тројанов смета дека е загорзена слободата:

„Во целата ЕУ и во целиот западен свет се ослабени човековите права и слободи на сметка на огромно зголемената безбедност. Слободата притоа е многу емоционален поим, луѓето се чувствуваат сигурни поради нешта, кои воопшто не ги штитат. На пример, бројните видео камери не не’ штитат од напад.“

Karlsruhe BGH Festnahme Al-Kaida Mitglieder
Фотографија: picture-alliance/dpa

Некои од мерките се спорни, на пример т.н. растер-потрага. Во тие рамки полицијата изврши упад во приватните животи на 19.000 лица по 11 септември, од кои ниту едно не се покажа како терорист. Во 2006 година Уставниот суд значително ја ограничи оваа мерка.

Пред Уставниот суд доаѓа и тужба против чувањето на сите податоци од приватни разговори и електронска комуникација. И таа мерка судот ја прогласи за неуставна. Министерот Шојбле има нови и нови идеи за борба против теророт, меѓу кои и воени авиони да уриваат киднапирани патнички летала.

Но, потполна безбедност нема. Наспроти тоа и третиот министер за внатрешни бараше нови технички можности, како на пример скенерите за цело тело на аеродромите. Тие во пилот фазата не покажаа голема ефикасност. Дали е тоа само инсценирана безбедност за граѓаните?

Колкава е реалната опасност за граѓаните?

Најновиот министер за внатрешни Фридрих пред една недела предупреди од нова закана. Тајните служби сметаат дека во земјата има 200 радикализирани исламисти. Фридрих во едно интервју проценува дека има дури 1.000 сомнителни лица и бара нови технички можности.

„Нашите служби имаат повеќе од доволно средства за борба против опасноста. Таа пак, не смее постојано да се надувува. Откако се занимавам со оваа тема, речиси во секој дневен весник сум соочен со шпекулации, кои од мравка прават слон.“’

Германија досега остана поштедена од исламистички атентати. Најголемиот дел од нив беше спречен на време. Сепак, 10 години по 11 септември, Германија е многу изменета.

Автор: Мајк Мојзер / Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска