1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Карикатури низ ракавици

Јан Брук/ Александра Трајовска 13 април 2012

Пред две години наводни исламисти планираа напад. Нивна цел: данскиот дневен весник кој ги објави карикатурите на пророкот Мухамед. Оттогаш положбата на карикатуристите во светот се промени.

https://p.dw.com/p/14dNf
Фотографија: picture-alliance/dpa

Зградата каде што е сместена редакцијата на „Јиландс постен“ во Копенхаген е под најголеми мерки за безбедност. Контроли, детектори за метал и чуварите имаат за задача да сопрат евентуални неканети гости. Имено, се претпоставува, дека најголемиот дански весник има многу непријатели. Овој весник есента 2005 година ги објави карикатурите на пророкот Мухамед и со тоа предизвика бран негодувања. Во повеќе муслимански земји избија насилни демонстрации, а притоа 150 луѓе го загубија животот. 

Дневниот весник „Јиландс постен“ и карикатуристот Курт Вестергард, кој го нацрта пророкот Мухамед со турбан во форма на бомба, во Данска станаа икони на омразата на радикалните исламисти. Во последните години постојано добиваа закани со смрт и планови за напади. Денеска (13.04) во Копенхаген почна процесот против четворица осомничени, кои според државното обвинителство планирале крвопролевање во редакциските простории на весникот „Јиландс постен“. Осомничените сторители потекнуваат од различни арапски земји и и’се припишуваат на исламистичката сцена.

Indonesische Muslime zerreißen dänische Flagge - Karikaturenstreit
Индонезиски муслимани го кинат данското знаме во 2006-таФотографија: picture-alliance/dpa

Притисокот врз карикатуристите расте

Андерс Јерихов можел да биде во зградата при планираниот напад. Реномираниот новинар работи за данскиот весник „Политикен“, на издавачката куќа која го издава и „Јиландс постен“. Во Данска тој објави книга со наслов „Карикатуристите во глобалното минско поле“. Три месеци патуваше низ светот, меѓу другото и во Аман, Делхи и Париз, за да ги испита работните услови на карикатуристите во пост-ерата од карикатурите на Мухамед.

Cartoon Sakurai Cartoonprotest
Цртеж на Хајко Сакураи по повод протестите поради карикатуритеФотографија: Heiko Sakurai

Во неговата книга Јерихов доаѓа до заклучок, дека притисокот врз политичките карикатуристи е зголемен по протестот против цртежите за Мухамед. Животот за нив крие повеќе опасности отколку за нивните колеги новинари, оти честопати ги третираат темите на особено остар начин и затоа може да биде непријатно за оние кои се на власт. Ова важи не замо за карикатуристите, кои фрлаат критички поглед на исламот. И претставници на другите религиии и политичари се обиделе да ја попречат нивната работа. Поради страв од консеквенци расте самоцензурата и тоа не само во арапските земји, туки и во Европа.

Исто така и во Германија карикатурстите во меѓувреме повнимателно се однесуваат кон темата ислам. Хајко Сакураи редовно црта карикатури за дневните случувања и ги објавува во весниците „Ди Велт“ и „Фајненшл Тајмс Дојчланд“. Тој не смета дека самиот си врши цензура, но вели дека во последните години станал повнимателен.

„Мислам дека протестите против карикатурите на Мухамед беа одредена цензура“, вели тој. „Кога цртам скица, се разбира размислувам, какви консеквенции би можела да предизвика. Одам предалеку? Не сум доволно остар? По спорот околу карикатурите уште повеќе си ги поставувам овие прашања кај одредени теми, бидејќи постојано ја имам предвид чувствителноста“. За скандалот со злоупотреби во католичката црква пред две години неговата карикатура беше далку повеќе понеусилена, отколку за исламот.

Cartoon Sakurai Redaktionsbesuch
Фотографија: Heiko Sakurai

Самоцензура во редакциите? 

Исто така и редакциите во весниците - и покрај сите химни на главните уредници за слобода на изразувањето, за време на дискусиите околу карикатурите, постоеше кај одредени теми поголем страв од контакт со материјата, отколку кај други. Хајко Сакураи по протестите разгледа поранешни карикатури од германските весници на тема ислам: „Мислам, дека тие се навистина тешки. Незнам дали денес воопшто би се печателе“.

Критериумите, според кои издавачките куќи, ги одмеруваат карикатурите, се менуваат. „Слободата на мислењето кај нас е основно право. Сепак, треба да се дискутира за нејзините граници“, смета Тереза Нааб, експерт за медиуми. Спорот околу карикатурите би бил повод за една таква дискусија. За тоа се разбира би морале да размислат и карикатуристите - кои мислења за исламот се оправадани, а кои не.

Да се одбрани слободата на карикатуристите

Тој лично досега никогаш немал проблеми со закани поради неговите цртежи, вели Сакураи. Меѓутоа има германски карикатуристи, кои имаат поинакви искуства. Пред почетокот на Светското фудбалско првенство колега на Сакураи ја нацрта иранската фудбалска репрезентација како атентатори самоубијци со ремени со бомби. Критиката всушност се однесуваше на апсурдните размислувања на некои германски политичари, да го активираат Бундесверот за време на првенството. Меѓутоа карикатурата предизвика негодувања во Иран и кај Иранците во егзил ширум светот. Карикатуристот доби голем број закани по живот и мораше извесен период да се повлече. „Тоа многу ме шокираше“, признава Сакураи. Слободата на карикатуристите меѓутота и натаму ќе ја брани, иако понекогаш е опасна.

Heiko Sakurai Selbstporträt
Во мастило: Автопортрет на Хајко СакураиФотографија: Heiko Sakurai