1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина наоружана со милијарди во лов на западна уметност

Сабине Елце/ Дијана Ристова6 јануари 2015

Речиси ниедна друга земја не троши толку пари на уметност како Кина. Минатата година потроши околу 11,5 милјарди евра. Колекционерите од Кина се‘ почесто може да се најдат и на западниот пазар на уметнички предмети.

https://p.dw.com/p/1E7xe
Nationales Kunstmuseum Peking Archivbild 2013
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Дојдов во Германија за да ги проширам своето знаење и погледи на современата западна уметност“, вели Јон Хуа Гао, претставувајќи се во аукциската куќа „Вила Гризебах“ во Диселдорф. Овде таа, заедно со уште десетина други кинески колекционери на уметнички предмети, една недела ќе ги посетува музеите и ќе разговара со кустосите, уметниците и германските колекционери. Берлин веќе го посетија, сега дојде на ред градот на Рајна.

Главното прашање кое, оваа кинеска „делегација“ ја интересира, воедно е и тема на работилницата на која учествуваат и тоа гласи: како се создава колекција на западната уметност? Учесниците на работилницата припаѓаат на кинеската елита, која поседува голем финансиски потенцијал. Гао, да речеме, го претставува пекингшкото претпријатие ЛЕ-ВИ кое се занимава со трговија на дијаманти. Освен тоа, нејзината фирма купува и собира уметнички дела и ги изложува во нејзиниот сопствен музеј.

Обука за историјата на уметноста на западните земји

Оваа меѓународна соработка ја поддржува и Леона Шпикерман. Нејзината агенција „Арт гејт“, заедно со Кинезот Ли Жијаон од Пекинг, организира интензивни и брзи курсеви за колекционери на уметнички предмети од Истокот, за историјата на уметноста на Западот. За време на посетата на Германија, кинеските посетители добиваат можност подобро да ја разберат и на тој начин да научат повеќе за тие работи.

„Јозеф Бојс, Анселм Кифер и Нео Раух - тие имиња се и во Кина денес добро познати“, вели Ли Шијао, претприемач и професор на Централната академија на уметноста во Пекинг. Таа установа некогаш ги собирала само елитните уметници, слични на кинеските власти, но, во меѓувреме, се отвори и сега во неа постои и одделение за експериментална уметност.

Deutsches Kunstwissen für China
Кинеските колекционери во БерлинФотографија: ARTGATE/Leonie Spiekermann

Уметноста како статусен симбол

Меѓу посетителите од Кина е и Шанг Хонг, исто така од Пекинг. Негов дедо беше Ву Цо-јен, еден од највлијателните сликари на класичната кинеска модерена. Хонг управува со неговото наследство, а воедно, како и другите од групата, тој е претприемач. „Сопствениците на претпријатија се соочуваат со два феномена: еден е глобализацијата, а вториот е формирањето на новите претприемачки култури. Тие се менаџери и колекционери на уметнички дела и се прашуваат како можат да ги поврзат своето хоби и работата во фирмата“, објаснува Ли Жијао.

Во декември оваа година, Ван Жијанлин, еден од најбогатите луѓе во Кина, на аукција во Њујорк го купи Пикасовото дело „Клод и Палома“ за 28 милиони долари. Тоа беше највисоката цена во историјата која еден Кинез ја платил за некое уметничко дело од западно потекло. Таа инвестиција беше доказ дека Кинезите сакаат дел од уметничкиот опус од Запад.

Покрај тоа, Кина денес, по САД, е втора земја во светот по вложување пари за купување на уметнички дела. Актуелната анализа на Европската уметничка фондација ТЕФАФ, покажува дека Кина минатата година на пазарот за уметнички дела потрошила околу 11,5 милјарди долари. Поради тоа и германската аукциски куќи имаат голем интерес да ги продлабочат своите контакти со Кина.

Deutsches Kunstwissen für China
Во посета кај еден од напознатите германски фото-уметници-Томас Руф (во средината)Фотографија: ARTGATE/Leonie Spiekermann

Информации од прва рака

Жу Бинфенг сака, во текот на престојот во Германија, пред се’ да дознае на кој начин Германците купуваат уметнички дела. „Ние во Кина имаме свои сопствени навики врз основа на која ја создаваме збирката, па ме интересира како го прават тоа Германците“, вели Жу. Она што досега веќе го дознаа е дека е многу важно да се знае што повеќе за некој уметник и неговата вредност. Исто така, од германските колеги дознале и дека при потрагата и откривањето на некој уметник, потребно е многу време и трпение.