1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија: Лекарите од интензивна нега бараат строг локдаун

ЕМФ | дпа
15 март 2021

Трет корона-бран може да ја преплави Германија. Лекарите од одделенијата за интензивна нега бараат построги рестрикции во земјата која неодамна малку ги разлабави мерките.

https://p.dw.com/p/3qeHX
Deutschland Coronavirus l Behandlung in der Universität Rostock
Фотографија: Bernd Wüstneck/dpa/picture alliance

Поради растот на бројот на новоинфицирани лица, лекарите на одделенијата за интензивна нега во Германија бараат итно враќање во строг локдаун. На тој начин би можело да се спречи третиот бран од пандемијата да стане силен, вели Кристијан Карајанидис од Германското интердисциплинарно здружение за интензивна и ургентна медицина. Тој во разговор за радио-телевизија РББ денеска побара покраините да повлечат рачна кочница доколку имаат повеќе од 100 новоинфицирани на 100.000 жители за период од седум дена. Тоа би можело да значи и повторно затворање на трговијата на мало и фризерските салони. Но, од ваквото правило има и отстапувања.

Сојузната влада исто така ги повика покраините да се држат до договорот за повлекување рачна кочница доколку ситуацијата тоа го налага. „Мора да го спроведеме заклучокот од 3 март, и тоа не само неговите радосни делови, туку и оние тешките“, изјави портпаролот на владата Штефен Зајберт. Според него, сојузната влада стои зад ваквиот заклучок, но надлежни за спроведување се покраините.

Coronavirus | 'Pendelquarantäne' für Mitarbeitende im Klinikum Bayreuth
Инциденцијата на сојузно ниво сега изнесува 82,9Фотографија: Nicolas Armer/dpa/picture alliance

Два округа во покраината Бранденбург најавија дека нема да воведуваат поостри рестрикции и покрај тоа што инциденцијата е над сто. Портпаролот на сојузната влада Зајберт потенцира: „Ние, како сојузна влада, ја препознаваме опасноста на актуелната ситуација, и тоа треба да го препознае секој. Инциденција која се зголемува, број на корона-случаи кој се зголемува, особено меѓу помладото население, ненамалување на бројот на пополнети кревети за интензивна нега - тоа е негативен развој на кој мора да реагираме сите заедно.“

Повеќе:

Сиромашните почесто имаат тежок тек на Ковид-19

Се фрлаат ли вакцини во Германија?

Маски, пари и немање морал

На почетокот на неделава бројот на новоинфицирани лица забележува зголемување петти пат по ред - инциденцијата на сојузно ниво изнесува 82,9. Ваква вредност беше последен пат забележана на 3 февруари. Загриженост предизвикува и зголемувањето на т.н. репродукциски број. Тој вчеравечер изнесуваше 1,19, што значи дека 100 инфицирани лица заразуваат 119 други лица. Карајанидис потенцира дека е вежано репродукцискиот број да не е повисок од 1,2, или во спротивно ситуацијата ќе стане критична. Тој се надева дека со оглед на зголемувањето на бројките покраините ќе се држат до договорот за враќање во локдаун доколку инциденцијата биде повисока од 100.

Deutschland Regenwetter und Maskenpflicht
Фотографија: Alexander Pohl/Alto Press/imago images

Но, не сите градови се држат до договореното. На пример, во Пирмазенс, во покраината Рајнланд Пфалц, рачната кочница не е повлечена сосема, иако инциденцијата веќе три дена е над 100. Од денес важат построги правила, на пример во делот на ограничување на котнактите на јавен простор и при купување, но продавниците и натаму остануваат отворени. „При носењето одлука за дополнителни мерки на заштита, не треба да се анализира само инциденцијата“, соопшти градоначалникот на Пирмазенс, Маркус Цвик. Тој оценува дека не може со сигурност да се тврди дека локалната трговија на мало и услужните дејности каде што дистанцата е мала, воопшто имаат некој голем удел во зголемувањет на бројките на инфицирани.