1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус: Брзото тестирање е најдобра заштита

БГ /АП
10 март 2020

Во Германија досега се потврдени повеќе од 1.100 случаи на новиот коронавирус, но има само две жртви, далеку помалку од другите европски држави со сличен број пријавени инфекции.

https://p.dw.com/p/3Z7CL
Deutschland Coronavirus Maßnahmen in Essen
Фотографија: Reuters/W. Rattay

Експертите велат дека брзото тестирање, уште со појавата на вирусот и овозможило на Германија да дијагностицира далеку поголем процент на инфицирани, вклучително и на помлади пациенти кај кои е далеку помала шансата за посериозни компликации. Тоа им даде шанса на надлежните да го ограничат вирусот, и повеќе време да се подготват за него.
„Ние во Германија едноставно бевме во првите редови што се однесува до дијагностиката“, вели Кристијан Дростен, директор на Институтот за вирологија во берлинската болница Шарите.
Денеска беа потврдени првите два смртни случаи во Германија од коронавирусот. Се работи за едно 89-годишно лице од градот Есен и 78-годишно од Хајнсберг.
Во Франција досега се пријавени сличен број случаи- малку над 1.200- но таму веќе има 19 жртви, додека во Шпанија евидентирани се 25 жртви на помалку од 1.000 случаи.
Дростен вели дека густата германска мрежа на независни лаборатории добила и технички информации за спроведување на неопходните тестови, но и право да бара наплата за нив уште во јануари, кога бројот на случаи во Германија беше многу мал.
„Комбинацијата на овие ефекти, и притоа многу сум сигурен во ова, ни дадоа огромна предност во препознавањето на епидемијата во Германија“, вели Дростен.

За разлика од другите земји, каде националните лаборатории имаа монопол на тестирањето, децентрализираниот германски систем им помогна на лекарите брзо да утврдат дали во некој сомнителен случај се работи за новиот вирус или за обична настинка, која може да има слични симптоми.
„Другите земји загубија цел месец или повеќе поради тоа“, вели Дростен.

Сепак, Лотар Вилер, првиот човек на Роберт Кох Институт, германскиот национален центар за контрола на болести, предупредува дека и во неговата земја ќе се зголемува бројот на смртни случаи.

И Меркел не доби рака од министерот Зехофер

Нискиот број на компликации во однос на вкупниот број на заболени делумно е резултат и на типот на луѓе кои биле дијагностицирани, вели тој, правејќи споредба со Италија каде меѓу 9.172 заболени има 463 смртни случаи.
„Факт е дека старосната структура на оние кои починаа во Италија е околу 80 години. Многу млади луѓе кои се исто така инфицирани не се откриени“, тврди Вилер.

Во Германија, средната возраст на оние инфицирани со Ковид-19 е околу 40 години. „Со нашето тестирање ги идентификувавме луѓето кои се инфицирани уште во почетната фаза, кога не беа сериозно болни“, вели Вилер.

Германската канцеларка Ангела Меркел најави нови остри мерки кои треба да помогнат да се забави ширењето на вирусот.
Во последните денови, властите ги засилија мерките на карантин, затворија бројни училишта и ги повикаа фудбалските клубови да ги играат своите мечеви зад затворени врати. Од понеделникот (09.03.2020) дури и во германскиот Рајхтсаг се забранети посетители.
„Сето тоа е неопходно“, рече Меркел.
„Работиме за вредно време, време во кое научниците можат да ги истражат лековите и вакцината“, рече таа.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема