1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус во САД: Кога човек не смее да се разболи

Јулија Манке
16 март 2020

Во САД стравот од финансиска пропаст многу често е поголем од стравот од КОВИД -19. Фриленсери, редовно вработени, услужниот персонал, студенти и многу други стравуваат за својата иднина. Јулија Манчке известува.

https://p.dw.com/p/3ZVX2
USA | Coronavirus
Фотографија: DW/J. Mahncke

Над 25 милиони луѓе во САД немаат здравствено осигурување. Аманда (името е променето од редакцијата) е една од нив. Оваа млада жена живее во Тексас и работи во магацин на компанија за душеци. „Ова е тажно, но мојата ситуација повеќе не ме шокира. Сум работела и на други работни место со вакви несигурни услови.“ Меѓу другото, под ова спаѓа и тоа дека таа има право само на три дена боледување во целата година, од кои едниот е неплатен. „Не можам да си дозволам да одам на лекар, ниту пак можам да си дозволам да останам дома,“ додава таа.

Само еден преглед на лекар може да чини 150 евра па и повеќе. Шелдон Ридл од Охајо не можеше да ги собере овие пари пред десет години. Тој тогаш работеше во еден колцентар – 50 вработени сместени во мала просторија. Се разболел од грип, но работодавачот не плаќал боледување туку само дозволувал вработните да си земат неплатени денови доколу донесат потврда од лекар за болеста.

„Но, за да добијам потврда требаше да платам многу пари кои ги немав, бидејќи немав ниту здравствено осигурување, поради што не отидов на лекар.“ На крајот Ридл толку многу се разболува што животот можело да му се спаси само со операција, а срцето му е засекогаш оштетено. Вознемирен е во ова време на коронавирусот. „Јадам само еден оброк на ден, бидејќи ми е страв да одам во супермаркет. Мојот имун систем е слаб,“ вели тој и додава: „Вчера отидов до аптека да ги земам сите лекови за мојата терапија, но само поради тоа што тие имаат можност за ‘дравј ин' односно да си ги подигнам од шалтер без да излегувам од автомобилот.“

 Многу нејаснотии

Нецелосните информации од официјалните лица се мотив за паника во земјата, претерано купување и складирање храна и беспомошност. Една медицинска сестра која работи во државата Орегон и сакаше да остане анонимна, раскажува за ДВ дека првите тестови за коронавирус на нивната клиника стасале сега во средата. „Во четвртокот беше лудо. Клиниката ги заостри безбедносните прописи во текот на денот. Беше навистина тешко.“ На располагање беа ставени потребните маски и заштитната облека, известуваат вработени од болницата.

Кога гувернерката на Орегон, Кејт Браун објави дека се забрануваат сите настани и собири со над 250 лица, ситуацијата почна да се сфаќа посериозно. Бројот на повици веднаш се зголеми. Луѓето кои патувале во соседната држава Вашингтон, сега ги исполнуваат условите да бидат тестирани, бидејќи во Сиетл веќе има 20 смртни случаи од КОВИД 19.

Нема случаи на коронавирус, бидејќи нема тестирање?

Во Орегон, каде бројката на заразени е релативно мала, многу жители се прашуваат дали причина за ниската бројка е само поради фактот дека се извршени само мал број тестирања. Додека во Јужна Кореја се тестираат по 10.000 луѓе на ден, во четвртокот во цела Америка беа тестирани околу 15.000 луѓе. „Ситуацијата може да ескалира како во Италија. Владата до сега покажа срамно ниво на некомпетентност,“ вели Итан Гилиен за ДВ. Експертот за глобална здравствена политика и развој на лекови во минатото меѓу другото работел за организацијата Лекари без граници за време на епидемијата на ебола во Западна Африка.

Американската влада инсистираше на производство на сопствени тестови наместо да се потпре на оние што се развиени на друго место. Фатален чекор, кој чинеше многу скапоцено време. Дотолку повеќе што првиот американски тест имаше грешки. „Првите случаи на карантин беа лошо спроведени и не беа преземени доволно мерки за претпазливост за да се спречи ширење на вирусот,“ вели Гилиен. Ова доведе до тоа и други луѓе да се заразат и да се шири вирусот.

Дали коронавирусот е тука или сѐ уште не?

„Ова ми е отворачот за врати,“ ѝ вели една студентка на својата пријателка додека го истегнува џемперот преку дланката за да ја отвори вратата од кафетеријата – без да ја допре со прсти. Универзитетот во Орегон во Јуџин е се уште отворен, но е зачудувачки мирно. Многу од 20.000 студенти кои се запишани овде се обидуваат да бидат што подалеку од кампусот. „Се надевам дека нема целосно да го затворат кампусот.“ му вели некому на телефон.

Повеќе:

Трамп нудел 1 милијарда долари за вакцина за коронавирусот

Д-р Гугл ќе упатува - дали треба да се тестирате од коронавирус?

Коронавирусот може да му се удри од глава на Доналд Трамп

Откако унивезитетот Харвард во државата Масачусетс пред неколку дена најави дека кампусот ќе биде затворен, многу студенти во земјата стравуваат дека ќе мора да ги напуштат студентските домови – и потоа нема да знаат каде да одат. Дел од овие студенти де факто би станале бездомници, други не би можеле да си дозволат да купат авионски карти за до дома, други пак кои доаѓаат од странство е можно да не добијат повторно дозвола да се вратат во САД доколу си заминат. На веб страната на Харвард може да се прочита дека факултетот ќе пронајде заедничко решение на кампусот со таквите студенти.

Проблем со бездомниците

Јуџин, како и многу американски градови освен студентите има уште една голема грижа: бездомниците. Минатата есен овој град осамна на насловните стани бидејќи е утврдено дека во Јуџин има повеќе бездомници по глава на жител отколку во Лос Анџелес или Њујорк.

Оној кој нема дом, не може редовно да мие раце или доброволно да оди во карантин, ниту пак да посети лекар. Единственото место за луѓето кои немаат пари ниту здравствено осигурување е една мала клиника, која од скоро е префрлена од автобус во мала канцеларија. Таа е отворена само во недела. Весли Форс, заменик менаџерот на клиниката вели: „Во просек секоја недела прегледуваме од 20 до 30 пациенти.“ Но, на оној кој има симптоми на КОВИД – 19 тука не може да му се помогне. На оваа мини клиника немаат ниту тестови за корона, ниту пак услови медицински да ги третираат заболените од овој вирус.