1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирусот го зафати спортот

БГ/ ДПА
12 март 2020

Епидемијата на коронавирусот наруши бројни спортски настани, а стравот од целосен прекин се зголеми откако еден фудбалер на италијанскиот првак Јувентус имаше позитивен тест.

https://p.dw.com/p/3ZG26
Juventus vs. Udinese | Daniele Rugani
Даниеле РуганиФотографија: picture-alliance/Newscom/J. Moscrop

Одбранбениот играч на Јувентус Даниеле Ругани е првиот фудбалер од италијанската Сериа А кој е заразен со коронавирус. Клубот најави дека играчот веднаш е ставен во изолација, а истото ќе важи и за сите останати кои биле во контакт со него. Само еден час откако Јувентус ја соопшти веста, Интер од Милано најави дека ги сопира сите спортски активности поради болеста на Ругани. Последниот меч на Интер беше токму против Јувентус во неделата.
Претходно и во англиската Премиер лига беше откажан дуелот меѓу Манчестер Сити и Арсенал поради стравот дека фудбалери на Арсенал контактирале со заразено лице.
Во американската кошаркарска НБА лига вечерва ќе се игра првиот натпревар зад затворени врати меѓу Голден Стејт и Бруклин.
Во Монтреал е откажано светското првенство во уметничко лизгање кое требаше да започне следната недела.
Три членови на Формула 1 тимови се во изолација во пресрет на почетокот на сезоната во Австралија.
Прекината е сезоната и во алпско скијање во женска конкуренција.

Член на организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио денеска изјави дека бара одложување на Игрите за една или две години.
Во германската фудбалска Бундеслига речиси сите мечеви претстојниот викенд ќе се играат без публика. Еден фудбалер на второлигашот Хановер претходно беше тестиран позитивен на коронавирусот.

Сите натпревари од првите две фудбалски лиги во Шпанија и Франција викендов исто така ќе се играат без публика, а таква судбина ќе имаат и бројни мечеви од континенталната Лига Европа.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема