1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Лажливо примирје во Појасот Газа?

Бенјамин Хамер
16 јули 2018

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху зборува за „најтешкиот удар“ против Хамас од почетокот на војната во 2014 година. По масовната ескалација ситуацијата на границата со палестинскиот појас Газа полека се смирува.

https://p.dw.com/p/31Wo7
Gazastreifen - nach den israelischen Luftangriffe in Gaza
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Hams

Израелската армија очигледно не верува во можно примирје. Синоќа постави дополнителни единици од ракетниот систем „Челична купола”. Ноќта помина мирно. За жителите на израелските општини во Појасот Газа се врати секојдневието. Пред два дена четворица Израелци беа повредени во градот Здерот откако ракета испукана од милитантни Палестинци ја погоди нивната куќа. Во Појасот Газа вчера беа погребани двајца тинејџери.

Според палестински извори тие биле во близина на објект на Хамас кој бил бомбардиран од страна на израелската армија. Момчињата биле погодени од граната. „Тој беше во парк, си играше со другарите. Не носеше со себе оружје, беше само недолжно момче”, рече чичкото на едно од загинатите момчиња. Објктот се наожал во густо населено место во Појасот Газа.

Повеќе:

-Генералното собрание на ОН го осуди Израел за насилството во Газа

-Газа: 60 мртви и прашањето на одговорноста

-Еден јубилеј, една амбасада и еден уништувач со име Трамп

Израел му префрла на Хамас дека злоупотребува цивилни објекти за обуки на нивните борци. Случувањата од викендот се најтешката воена конфронтација меѓу Израел и Хамас од изминатите 4 години. Николај Младенов, специјалниот пратеник за Блискиот Исток на ОН, изјави дека се наоѓаат пред ситуација која станува уште покомплицирана. Во саботата двете страни беа на работ на нова војна, рече Младенов. Според инфомации во медиумите, токму Младенов и претставници на Египет посредувале меѓу Израелците и Палестинците.

Nickolay Mladenov UN Friedensbeauftragter Mittlerer Osten
Николај МладеновФотографија: picture-alliance/NurPhoto/M. Fathi

Заради непријателството не разговараат директно меѓу себе, а примирјето беше објавено од страна на Хамас. Израелската страна традиционално е воздржана со коментари во такви случаи. Факт е дека ситуацијата е смирена, но не целосно.  „Апелирам на палестинските групации да не провоцираат натамошни судири на пограничната линија кон Израел. Да не испукуваат ракети и друго огнено оружје и да дадат шанса на мирот. И апелирам на државата Израел да се однесува исклучително воздржано со реакциите во Појасот Газа“, истакна Младенов. 


Дел од работата на специјалниот пратеник на ОН е дипломатски да пристапува на конфликтите, без да ги занемарува. Реториката на повеќето политичари и лидери на Блискиот Исток во принцип звучат различно. Двете страни се закануваат дека на насилство од другата страна ќе одговрат најжестоко со насилство од нивна страна. Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху вели дека израелската армија му го задала на Хамас најсилниот удар од почетокот на воената операција пред 4 години. „Се надевам дека пораката е примена. А, ако не е, тогаш Хамас подоцна ќе ја прими. Патем, чув дека Израел прифатил примирје кое и дозволува на Хамас и натаму да праќа балони и огнени змаеви во Израел. Тоа не е точно. Ние тоа нема да го прифатиме и соодветно ќе одговориме“, рече Нетанјаху.