1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пратениците со декларација ќе ги осудат нападите во Украина

ДТЗ
3 март 2022

Со предлог-декларацијата се осудуваат воените напади и се поддржуваат дипломатските напори за итен и безусловен прекин на воените дејствија.

https://p.dw.com/p/47y88
Nordmazedonien Parlament - Sitzung am 25.03.2021
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Во македонското Собрание со 104 гласа „за“, 3 „против“ и 1 воздржан беше усвоена потребата од донесување декларација за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, по скратена постапка. Предлог-декларацијата се состои од осум точки, со кои се осудуваат воените напади, се бара од надлежните институции да бидат во тесна координација со земјите членки на НАТО и на ЕУ за да се поддржат дипломатските напори за итен и безусловен прекин на воените дејствија.

„Руската агресија врз Украина, како чин спротивен на меѓународното право, што ја загрозува европската безбедносна архитектура и го доведува во ризик мирот на континентот е неоправдана и претставува еклатантно кршење на меѓународното право“, се вели во образложението на предлог-декларацијата. 

Има ли „проруско расположение“ меѓу македонските граѓани?

Со неа се дава поддршка на украинската влада да покрене тужба пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, а истовремено се апелира до политичките и општествените чинители за одговорно однесување и воздржување од говор на омраза и ширење на дезинформации кои се спротивни на националните интереси на државата. Предлагачите на декларацијата препорачуваат државните институции, преку меѓународните организации да го дадат својот придонес во обезбедувањето хуманитарна помош за украинските бегалци, без разлика каде престојуваат. 

Декларација е по предлог на пратеничките од ЛДП и ДОМ, Моника Зајкова и Маја Морачанин. Образложувајќи ја потребата од усвојување на Декларацијата за осуда на воените напади врз Украина, пратеничката од ЛДП рече дека низ историјата, човештвото сведочело за бројни војни и внатрешни конфликти, од кои цената ја плаќале само невини човечки животи. 

Северна Македонија ќе испрати воена опрема, но не и војници во Украина

„Жалам што во 21. век сведочиме повторно на напад на мирот, предизвик кој на никој не ни доаѓаше ниту на сон дека ќе се соочуваме. Она што се случува денес во Украина, не е само предизвик на Украина и не ја засега само Европа или Азија, туку целиот свет. Ваквите напади, не го загрозуваат само мирот и безбедноста на Југоисточна Европа, туку и мирот на Балканот“, рече Зајкова.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи