1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

190711 Murdoch Parlament

19 јули 2011

Медиумскиот цар Руперт Мардок денеска одговара на прашања на британските пратеници. Тие сакаат да дознаат од прва рака што знаел тој за скандалот со прислушување, што изби во еден од неговите медиуми.

https://p.dw.com/p/11zG5
Медиумскиот могул, Руперт МардокФотографија: picture alliance / dpa

Ова е прв пат Руперт Мардок да се појави пред пратениците на британскиот парламент. Тој досега тврдоглаво молчеше и во јавноста се огласи само со едно интервју дадено за еден од медиумите во неговата империја. Освен тоа Мардок се обиде со голема кампања на огласи во британските весници да се извини за големиот скандал, но тоа се чини не му успеа.

Принудно сведочење

Rebekah Brooks
Досегашниот главен уредник, Ребека БруксФотографија: picture alliance/dpa

Руперт Мардок не се појавува доброволно пред надлежната комисија на британскиот парламент. Претседателот на парламентот Џон Витингдејл мораше два пати да му се обрати на медиумскиот могул пред да добие согласност за сведочење. Првото писмо беше љубезна молба, на што Мардок и неговиот син Џејмс се извлекоа со објаснување дека се премногу зафатени. Но, претседателот на британскиот парламент не се поколеба, туку им напиша уште едно, посериозно писмо:

„Доколку не ја прифатеа и оваа покана, ќе морав да извршам уште поголем притисок, така што ќе поднесев барање до Долниот дом на парламентот, коешто ќе требаше да се изгласа. Тоа пак ќе имаше законска обврска, што ќе ги примораше двајцата да се појават. Такво нешто досега не се случило!“

Огромен интерес

Großbritannien Abhörskandal um die britische Boulevardzeitung News of the World
Фотографија: dapd

Интересот во британската јавност за сослушувањето на Руперт и Џејмс Мардок е огромно. ТВ станицата „Скајњус“ најави директен пренос од парламентот, а во форумите на интернет сослушувањето се смета за настан на годината. Многумина нема да ја пропуштат приликата да видат како пратениците ги испитуваат моќните медиумски цареви. Нив ги интересира зошто членови на медиумите од империјата на Мардок во претходните сослушувања во парламентот бесрамно лажеле. Потоа зошто фирмата со години криела илјадници чувствителни маилови и дури сега и’ ги предала на полицијата откако скандалот изби на големо. Претседателот на парламентот Витингдејл порачува:

„Не сакам да претставуваме група за линч. Но, исто така не сакам да ги пуштиме сведоците да си заминат без да ни одговорат на прашањата. Ќе бидеме смирени и сталожени и ќе поставуваме одмерени, но детални прашања, што се однесуваат на содржината“, нагласува Витингдејл.

Кусо време

На надлежната комисија на британскиот парламент не и’ останува многу време за ова сослушување. Таткото и синот Мардок ќе сведочат само еден час. По нив треба да се појави и поранешната шефица на спорното списание „Њус оф д ворлд“, Ребека Брукс, која дури во петокот поднесе оставка на функцијата главен уредник. Таа заедно со Руперт и Џејмс Мардок се најважните претставници на медиумскиот концерн и до сега уживаа углед на неспорни ѕвезди во британскиот медиумски пејсаж. Сега меѓутоа станаа омразени фигури во цела Велика Британија.

Автор: Штефан Лохнер / Горан Чутаноски

Редактор: Трајче Тосев