Меркел бара промена на европските договори
9 ноември 2011Реклама
Заради обезбедувањето на иднината на ЕУ, неопходно е контролирање на финансиската состојба во земјите-членки и правни санкции против високите долгови, изјави канцеларката Ангела Меркел за германската новинска агенција ДПА. Според Меркел, Европската комисија што поскоро треба да стекне право на тужба против земјите-членки пред Европскиот суд на правдата. Зашто, перманентното прекршување на правилата за стабилност на еврото од страна на една земја за другите претставува опасност. Меркел истакна дека еврото е повеќе од валута - тоа го претставува единството на Европа.
Автор: ЖА/СН/дв
Редактор: Е. М. Фиданоска