1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меси на фудбалскиот трон

Штефан Сфрегола / ЕМФ12 јануари 2016

Лионел Меси е по петти пат избран за фудбалер на годината. Рефлекторите и почестите не се негов свет.

https://p.dw.com/p/1Hbom
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Wiegmann

Бакнеж за сопругата и за соиграчите, а за големиот ривал Кристијано Роналдо стисок на раката. Лионел Меси е избран за фудбалер на годината по петти пат. Тоа не му успеало никому досега.

„Освојувањето на трофејот уште еднаш претставува посебен момент за мене. Особено по двете години во кои морав да гледам како Златната топка му се предава на Кристијано Роналдо. Меѓутоа, уште поневеројатно е тоа што ја добивам по петти пат“, рече Лионел Меси по добивањето на Златната топка.

Овде може да го погледнете видеото:

Рекорд на Меси

Рефлекторите и почестите не се свет на Меси. Овде тој делува речиси срамежливо, сосема поинаку отколку на фудбалското игралиште, каде постигнува толкав број голови како да се игра на Плејстејшн, а не во реален свет. Статистика која му е блиска и на второпласираниот Кристијано Роналдо. Но, додека Пртугалецот со Реал Мадрид не освои ниту една единствена титула, Меси со Барселона во 2015 година освои дури пет трофеи. И тоа е една од причините зошто Аргентинецот ја доби Златката топка. Може да следуваат уште вакви трофеи - Меси со своите 28 години има уште неколку години игра пред себе на највисоко ниво.