1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Камчев сведочеше за случајот „Меѓународен сојуз“

ДТЗ
18 март 2021

Бизнисменот Орце Камчев од притвор беше донесен во суд да сведочи за случајот „Меѓународен сојуз“.

https://p.dw.com/p/3qpO9
Nord-Mazedonien |  Orce Kamcev, mazedonischer Unternehmer
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Бизнисменот Орце Камчев денеска првпат се појави во јавноста по неговото приведување, откако беше спроведен од притвор во Кривичнот суд, каде се одржа рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“. Сведочењето го започна со констатација дека во судницата недостигаат Зоран Милески-Кичеец, Катица Јанева и нејзиниот син Лазар, поради што, како што рече, обвинението е селективно. Пред судот изјави дека не ги познава обвинетите Фросина Ременски, асистенката на Бојан Јовановски, Христина Блажевска, како и таткото на Бојан, Миле Јовановски.

Nord Mazedonien Angeklagte im Fall "Internationale Union" kommen in den Gericht in Skopje
Камчев вели дека Бојан Јовановски му понудил два проекти за фешн мол и за изградба на старечки домовиФотографија: PetrStojanovski/DW

Тој најпрво побара да биде изземен од сведок. „Барам да бидам изземен, затоа што во околности кога од обвинителството и судот грубо се крши законот и ми се одредува притвор, мојот кредибилитет како сведок е нарушен и нема да му бидам од корист на обвинителството“, рече Камчев и додаде дека веќе не знае кое обвинителство го гони и во кој предмет.

-повеќе на темата: Рускоска: Не верувам дека имало ГПС во торбата со пари на Камчев

Откако Обвинителството и судот не го дозволија тоа, даде исказ дека Бојан Јовановски му понудил два проекти за фешн мол и за изградба на старски домови. „Ми беа понудени два проекти од „Меѓународен сојуз“, еден за старски дом и еден за трговски центар. Првично проектите ми беа понудени од Зоран Милевски, Катица Јанева, нејзиниот син и Бојан Јовановски“, рече Камчев. Вели дека „не го прифатил проектот за трговски центар бидејќи проценил дека ќе нема финансиска корист“.

Nord Mazedonien Angeklagte im Fall "Internationale Union" kommen in den Gericht in Skopje
Во случајот е обвинета и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина РеменскиФотографија: PetrStojanovski/DW

Сашо Дуковски, адвокатот на Бојан Јовановски, првоосомничен во случајот „Меѓународен сојуз“, по завршувањето на денешното рочиште изјави дека е недозволено и невообичаено тоа што Обвинителството повикува сведок да се сослушува, кој во старт кажа дека не е кредибилен.

-повеќе на темата: Сознанија во „притвор“, шпекулации на слобода

Судењето за овој предмет е во почетна фаза на изведување на вербални докази. На денешното рочиште беше сослушана и Агапи Дика, претседател на Собранието на Меѓународен Сојуз. Таа сведочеше за нејзината улога во Меѓународниот сојуз и склучување на договори со правни лица. „На свечената средба што се одржа во просторите на Музејот на современа уметност, за Меѓународен сојуз, беа присутни угледни лица. Присуствуваше народниот правобранител, имаше лица од министерствата за труд и социјална политика, за внатрешни, беше пратеникот Стефан Богоев. Бојан ми кажа дека седиштето на Меѓународен сојуз ќе биде во близина на Кривичен суд Скопје. На второ Собрание се склучија договори со 'Дрим билдинг' и 'Пелистер'. Проектите беа прекрасни. Верував во тие проекти. Меѓународен сојуз тука беше за менаџирање со овие проекти“, рече Дика.

Таа вели дека за износот на договорите разбрала подоцна, односно по некое време барала да поднесе оставка од функцијата.

-повеќе на темата: Донациите за ВМРО-ДПМНЕ, станувале плацеви на Груевски, тврди обвинителството

Судењето го води судијката Софче Ефремова, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Ивана Трајчевска. Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, неговиот татко Миле Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“. Следното рочиште за предметот „Меѓународен сојуз“ е закажано на 24 март.