1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Можат ли Макрон и Меркел да го разубедат Трамп?

Михаел Книге
24 април 2018

На одвоени средби со Доналд Трамп неделава францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел ќе се обидат да го убедат американскиот претседател да не го откажува Нуклеарниот договор со Иран.

https://p.dw.com/p/2wYfa
Deutschland Hamburg - G20 mit Merkel Macron und Trump
Фотографија: Reuters/J. Macdougall

„Невозможна мисија“ во Вашингтон? Францускиот претседател Емануел Макрон е во официјална посета кај американскиот претседател Доналд Трамп, а в петок во Белата куќа ќе биде германската канцеларка Ангела Меркел. Ова е досега европски обид на највисоко ниво за спас на Атомскиот договор со Иран, потпишан во 2015. година, кој Трамп во повеќе наврати го оцени за „најлош дил на сите времиња“.

Меѓу т.н. Е3-група, составена од Германија, Франција и Велика Британија, и САД се водеа и ќе се водат преговори за отстапки кон Трамп, кој бара заострување на Атомскиот договор и се заканува со негово откажување.

USA Donald Trump, Emmanuel Macron und die First Ladys im Weißen Haus in Washington
Емануел Макрон во посета на САДФотографија: Reuters/C. Barria

Непредвидливиот Трамп

Договорот во основа предвидува Иран да се воздржи од облагородување ураниум способен за производство на атомска бомба, но да може да користи атомска енергија за производство на електрична струја. За возврат се разлабавуваат децениските економски санкции против иранскиот режим, што се смета за важен придонес во стабилизирањето на земјата.

Пред неколку дена стотици европски пратеници испратија отворено писмо до своите американски колеги во кој од Конгресот бараат поддршка на Атомскиот договор со Иран. 

Но, тоа можеби нема да го убеди Трамп да не посегне по нови санкции против Иран на 12. мај, кога во Вашингтон претстои редовна нова проверка дали Техеран се придржува на Договорот. Ако Трамп се посомнева и се реши за нови казнени мерки, Договорот ќе остане само историја.

„За жал, не познавам никого во САД кој е изразит оптимист дека нема да дојде до нови санкции“, вели Лаура Холгејт, која до стапувањето на Трамп на функцијата беше американска амбасадорка во Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена.

МААЕ, која има задача да ја контролира примената на Атомскиот договор, досега дојде до заклучок дека Иран ги исполнува своите обврски. И Елизабет Росенберг, порано задолжена во Министесртвото за финансии на САД за санкциите, ја дели скепсата околу шансите за спас на Атомскиот договор, дури ако и на Европејците им успее да најдат компромисна формула: „Не сум оптимист дека американската влада ќе остане на Договорот со Иран.“

USA John Bolton
Фотографија: Imago/Zumapress

„Меркел и Макрон треба да изгарадт срдечен однос со Трамп“

Трамп зборува за три „слаби места“: балистичката програма за оружје на Техеран, проширен пристап за МААЕ до иранските атомски постројки и т.н. „Sunset Clause", односно регулирањето кога истекуваат одредени одредби содржани во Атомскиот договор. Токму тука е најтешко да се постигне компромис, велат американски и европски експерти.

Администрацијата на Трамп сака да го скрати крајот на ограничувањата за Иран кои фактички целосно истекуваат дури до 2031. година. Европејците се двоумат да посегнат кон ова копче, зашто од нивен аспект, тоа ќе значи нови преговори за Атомскиот дил.

Ричард Непхју, кој беше советник на Барак Обама во преговорите со иранското раководство и задолжен за Иран во Националниот совет за безбедност, е исто така скептичен за иднината на Нуклеарниот договор, меѓу другото и поради сомнежот во единството на Евопејците.

Тој поставува прашање колку Германија, Франција и Велика Британија можат вистински да зборуваат од името на другите ЕУ-земји.

Повеќе: 

Џон Болтон: контроверзниот радикал ангажиран од Трамп

Трамп му даде последна шанса на нуклеарниот договор со Иран

Судир меѓу САД и Русија во ОН поради Иран

Но, главен проблем, во тоа се единствени сите експерти, е долгогодишниот фундаментално противнички став на Трамп против Нуклеарниот договор со Иран, одбивачка позиција во која Трамп може да е поддржуван од својот нов советник за безбедност, Џон Болтон. Болтон, познат тврдолинијаш, пред три години во една статија напиша: „Запрете ги иранските бомби со бомби врз Иран!“

Темата „крај на Атомскиот дил“ имаше толкава тежина во изборната кампања на Трамп и во неговата прва година на функцијата, што е речиси незамисливо „да постои магично дипломатско решение кое ќе му овозможи да го гази Договорот со нозе и истовремено да го остави во сила“, вели Росенберг.

Што можат Макрон и Меркел оваа недела да направат во Вашингтон за да го убедат Трамп околу Договорот?

Нивното влијание е ограничено, велат поранешни американски дипломати. Меркел и Макрон треба да изградат срдечна врска со Трамп, гласи советот на американски експерти, а да имаат во џебот понуда која Трамп може да го убеди да не го откажува Договорот. Но, крајно, вели поранешната амбасадорка во МААЕ, Холгејт, Меркел и Макрон треба да се обидат да докажат дека Договорот е во интерес на САД. 

„Како може да е во интерес на САД да се руинира нашиот европски сојуз, раководството во Техеран можеби уште повеќе отколку пред 15 години да има чувство дека земјата има потреба од атомско оружје за да се одбрани од идните американски санкции?“, вели Холгејт. Таа не може да си претпостави дека во вистински интерес на САД би бил свет без Нуклеарен договор со Иран.