1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Можен терористички мотив во нападот во Утрехт

БГ
18 март 2019

Едно лице го загубило животот, а повеќе се повредени во денешниот напад во трамвај во холандскиот град Утрехт. Напаѓачот избегал од местото на злосторството. Подигнато е нивото на терористичка закана во регионот

https://p.dw.com/p/3FF1W
Verletzte nach Schießerei in Utrecht
Фотографија: Getty Images/AFP/R. V. Lonkhuijsen

Холандската полицијата се сомнева дека е можен терористички мотив во денешниот напад во трамвај во градот Утрехт. Сомнежите се дека нападот го извел еден напаѓач, но не се исклучува можноста да биле вклучени и повеќе лица. Според очевидци на местото на настанот и информации во холандските медиуми, едно лице го загубило животот во нападот. Се појавија фотографии на кои се гледа едно безживотно тело покриено со бел чаршаф на местото каде се случи нападот. Повеќемина се повредени, но нема подетални информации за тежината на повредите. Градот го надлетуваат хеликоптери, а присутни се и припадници на специјални полициски сили.

Verletzte nach Schießerei in Utrecht
Фотографија: picture-alliance/ANP/R. V. Lonkhuijsen

Властите во меѓувреме го зголемија нивото на опасност од терористичка закана во регионот, а по напаѓачот се трага. 

Владата формираше кризен штаб од кој се анализира ситуацијата. Холандската полиција нареди затворање на вратите на сите училишта во градот.