1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Патување

Да ја видам Европа и да умрам!

Јагода Мариниќ
1 септември 2018

Многу туристи сметаат дека по секоја цена мора да ги видат европските градови: раскошните градби како во некоја историска читанка. Но многу од нив завршуваат само во кулисите на „Игра на престолите“, како во Дубровник.

https://p.dw.com/p/348am
Jagoda Marinic Autorin
Фотографија: D. Piroelle

Туризмот стана целосно комерцијална забава: фестивали на електронска музика, спортски настани, крстарења. Градовите се преполни со туристи. Го следам овој развој со години во Хрватска. Лесно е да се пофали оваа земја: само природа, карстни планини и острови, чисто море, разнолики пејзажи, и сето тоа на кратко растојание. Туристичките менаџери, сепак, велат: „Тоа не е доволно! Мора да се случува многу повеќе , инаку туристите нема да доаѓаат во текот на целата година".

Хрватска сега е во мода, неодамна починатиот светски познат готвач Ентони Бурден  го заклучи тоа уште во 2012 година: „Ако не сте биле тука, вие сте идиот!" . А оваа година уште следуваше и успехот на фудбалската репрезентација. Најдоцна тогаш, целиот свет дозна за оваа мала земја на Јадранското Море.

Раст по секоја цена. И тоа во земја чие крајбрежје се граничи со ридови од едната страна, а од другата со морето. Повеќе од пет милиони ноќевања за само неколку месеци, улиците и фериботите се преполни. Причина за некои да слават: неограничени шанси за заработување пари! Некои легално, други со избегнување на даноците.

Драгите наши пари

Понудите се бројни: туристите не мора повеќе да се задоволуваат само со бело месо и блитва. Не, во меѓувреме, Хрватска на гурманите им нуди сѐ што ќе посакаат, од јапонски суши, преку шпански предјадења, бразилски акаи лонец. Автентично?  Тоа никој не го сака повеќе. Туристите се сега бараат „глобално-урбано-чувство": луѓето патуваат насекаде за се чувствуваат како секаде.

Kroatien Dubrovnik
Фотографија: picturealliance/PIXSELL/G. Jelavic

Забава? Островот Хвар е на врвот на омилените дестинации со години. Островјаните се бунат против бучавата. Сепак, на осамениот остров се живее од туризмот. Градот Хвар годинава сепак  ја повлече сопирачката: пикник на главниот плоштад се казнива со повеќе од 100 евра. Вревата во текот на ноќта исто така. Туристичкиот менаџмент сега работи на тоа да допре и до други целни групи, а не само до оние дојдени за забава.

На темата:

-Масовниот туризам го уништува она што го сакаме

Фотографија на денот: Природен наместо туристички рај

Келнери кои ноќе носат пијалок, служи појадок во утринските часови. Љубезно се извинуваат ако нешто заборавиле: „Извинете, но ноќта беше долга“. Заштита на работничките права? Тешко. Персоналот? Тоа се регулира со договори за привремена работа. Студенти стојат во ред за да  се дограбат до некоја работичка во текот на летото и да заработуваат малку пари на некој бар на плажата. Цените? За мештаните недостижни. Па, дури и за некои туристи.

Автентично? Ќе се прашаме!

Сплит, овој горд град во подножјето на Марјан, чиј историски комплекс е Светското културно наследство на УНЕСКО, стана како музеј за туристи. Едвај да може да се најдеме автохтон живот во тој далматински град. И Сплиќаните кои го поминале своето детство во камените тесни улички ретко одат во стариот дел на градот. А и зошто?  За да стискаат со туристичките толпи? Кога годинава дојдов до Диоклецијановата палата и видов дека затворила мојаата омилена музичка продавница, срцето ми застана. Се разбира, времето на таквите продавници помина, се тешев самата. Меѓутоа има сѐ помалку и помалку вакви продавници, она што преживува му служи на туризмот.

Продавниците се селат во трговски центри изградени на работ на градовите, а овие центри често се меѓународни синџири. Туризмот градските центри во Европа сѐ повеќе ги менуваат во правец на станат „не-места" како аеродромите. Кафулињата, рестораните, продавниците, сè е исто, насекаде. Се менуваат само кулисите, имињата на градовите што стојат на сувенирите. Сето она што еден град го прави урбан и автентичен се повлекува пред туристите  на кои, повторно, треба да им се овоможи лесно да извлечат пари од џебот.

Профитот е оној кој владее, големите и малите веќе намирисаа брзи пари. „Недопрено“ е парадоксалниот поим на овој бум. Порано во старите градски јадра можеше да се наиде на луѓето кои ноќе хранат улични мачки. Џагор на децата кои играат уличен фудбал. Рабовите на градовите некогаш беа места за излет за локалното население и за најсиромашните.

Сега сето тоа е кулиса: на плажа сега мора да плати за лежалка, на која, на влажната пот на претходникот, се прават фотографии за Инстаграм, и тоа дури и со задоволство со прескап коктел во раката. Тајни заливи повеќе речиси и да нема, бидејќи секаде доплововаат бродови и чамци. Ако сакате непречено уживање во зајдисонцето, ќе се најде некој туристкој ќе ви пречи со дронот со кој саака со видео-снимка да го конзервира токму тоа зајдисонце.

Дури и под вода: туристи со камери.  Новитет годинава е туристот која повеќе нема потреба од селфи-стап, бидејќи  мобилниот телефон во меѓувреме речиси му расте од раката. Неговиот мобилен телефон за него  ја скенира околината,  како што тоа го прават подморниците. Овој турист, од друга страна, шета незаинтересирано бидејќи камерата снима сѐ за него. Можеби во вечерните часови, ќе погледне каде сѐ тоа бил цел ден.

Времето на хуманиот туризам- сега само се споменува

Следниве е Вис, малиот остров во близина на сплитското крајбрежје, кој допрва ќе стане жртва на бумот, бидејќи таму се одвива дејството на  филмот Мама миа 2. Грчкиот остров Скопелос, каде беше сниман првиот дел, веќе ја изгуби својата душа. На островот од соништата Брач граѓани во моментов се во искушение да се побунат против германскиот туристички оператор ТУИ и еден домашен инвеститор поради плановите за изградба на хотелски комплекс за три илјади туристи - во рибарско село со едвај три илјади луѓе!

Беше тоа еднаш едно време кога во Европа живееше, студира, истражуваше, рибареше. Тоа беше време на хуман туризам. Сепак, октоподскиот туризам  сѐ повеќе ги шири пипците без притоа заработувачката од тоа да се слева во изградба и подобрување на домашната инфраструктура. Се разбира, многу домашни, исто така, профитираат. Сѐ додека, како во Дубровник, не забележат дека одеднаш десетици илјади луѓе дневно го посетуваат овој јадрански бисер. И тоа токму  Дубровник, град на слободата, кој некогаш таа слобода и независност ја беше запишал на своите порти и со векови за слобода се борел против странските сили. Сега, во 21-от век, Дубровник го доживеа конечниот пораз: туризмот го освои градот, без каква било одбрана. „О убава, о драга, о слатка слободо!" 

Парите кои со себе ги носи туризмот се претвораат во вистинска чума, доколку  се потпрете само на тоа да биде кулиса за  активности во слободното време за оние кои можат да си го дозволат тоа. И доколку му ја продаде земјата на оној кој во прв ред сака да си го извлече својот профит.

Душа на градовите на овој континент некогаш беше градот полис. Тој беше наменет за луѓето, граѓаните, кои во него живееја и како јавен простор. Време е Европа да му допушти на домашно население да соодлучува за тоа кој и каков туризам смета дека е соодветен за нивните градови и рибарски села, за домашната инфраструктура да може да профитира од тоа и природата повторно да може да биде во центарот на вниманието, а не само профит. Пред сѐ меѓутоа чукна часопт да се зборува за една Европа која може да биде многу повеќе од туризмот, првенствено на југот од континентот.

Јагода Мариниќ е германско-хрватска писателка и новинарка. Таа е родена во местото Вајблинген како ќерка на хрватски доселеник во Германија. Во моментов живее во Хајделберг. Неодамна беше објавен нејзиниот последен роман „Made in Germany - Што е германско во Германија?". Во него се соочува со идентитетот на Германија како земја на доселеници.