1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Моја Европа: продира светлина во Букурешт

Каталин Флореску
10 јуни 2017

Главниот град на Романија крие по некоја мрачна тајна од блиското минато. Но полека почнува да станува посветло, верува Каталин Флореску.

https://p.dw.com/p/2eQ4i
Autor Catalin Dorian Florescu
Фотографија: M. Walker

Рака на срце! Што ви паѓа на ум кога ќе кажам: Букурешт? Изгледа не многу, можеби и го мешате овој поим со Будимпешта. Значи, уште еднаш: Букурешт, Романија. Некои можеби сега се сеќаваат на сликите од 1989 година, кога е соборен од власт комунистичкиот диктатор Чаушеску. Сликите од големиот плоштад пред зградата на Централниот комитет на Комунистистичката партија каде се собраа стотици илјади луѓе да го поздрават лидерот. Од балконот на таа зграда, Чаушеску сакаше да го смири народот. Тоа не му успеа. Првата револуција која се пренесуваше во живо на телевизија, го започна својот тек. Можеме да ја наречеме и „пародија“, ако освен Чаушеску и неговата, истотака, омразена споруга Елена, не платија со живот уште многу невини луѓе. До денес остана неразјаснето што всушност се случуваше и кој ги влечеше конците од заднина. Оваа маскарада го означи почетокот на романската демократија, но и е почеток и мајка на сите теории на заговор, кои до денес влијаат врз политичкиот живот.

Фантомската болка на еден град

Некои можеби ја имаат пред очи монструозната куќа која ја изгради диктаторот на една чистинка, на местото од кое е отстранета идиличната населба „Уран“. Денес моите пријатели, кога покажуваат каде живееле како деца, покажуваат во празно. Насекаде има напуштено земјиште околу огромната зграда, што е повеќе невкус и несмасна палата отколку куќа, а повеќе кошмар отколку палата. Ја ѕидаа 20.000 војници и принудни работници, а 70.000 луѓе се раселени во монтажни станбени блокови. Сѐ уште постојат улични трупци кои некогаш биле вили и градини. Целиот град мораше да трпи фантомски болки.

Victoria Platz und Victoria Palast in Bukarest, Rumänien
Фотографија: picture-alliance/ dpa

За време на мојот престој во Букурешт годинава, од прозорецот од мојот стан се гледаше мал и запуштен заден двор. На едната страна една жена редовно ги миеше прозорците, тоа го правеше апсолутно посветено на чистота и кристална транспарентност, иако фасадата околу рамкте на прозорците се ронеше. Од другата страна на дворот се наоѓаше задната страна на државниот архив, каде можеше да се гледа во актите кои поранешната комунистичка власт ги формирала за своите граѓани. Да, тапите романски душкачи имале манија да собираат акти- исто како Штази.

Биолошко решение

Пред да дознаам на која институција ѝ припаѓа зградата, мислев дека таму одгледуваат марихуана, бидејќи светлата беа вклучени и ден и ноќ два месеца. Како некој буквално да сакаше да го осветли минатото. За да можам да заспијам, повлекував најтемни завеси. Така Секуритате индиректно, долго по своето распуштање, ми го украде сонот.

Вистинаа е дека носителите на политичките одлуки не го сфаќаат сериозно соочувањето со комунистичкото минато, а ни казнувањето на сторителите, во земјата во која по 20 години демократија се осудени само двајца насилници на стариот систем. Двајца старци кои наскоро ќе умрат. Ќе умрат наскоро и последните жртви кои се сѐ уште живи, стари жени и мажи кои најчесто без причина и како политички затвореници биле праќани во работни логори и комунистички казамати.

Продавачот на книги

Првата вечер во Букурешт отидов во моето омилено кафуле „Ван Гог“. Таму каде што до неодамна керамиди паѓаа од покривите, а куќите мораа да бидат потпрени со дрвени греди- со некои е така и денес- наредени се кафуле до кафуле. Какофонијата од врева, пиво и џагор ја замени тишината во оваа населба која здивна откако урбанистите на диктаторот одлучија да ја остават на мира и да се посветат фашистичката бирократска населба околу Куќата на луѓето.

Тоа се две половини од истиот град- меѓусебно одалечени помалку од 100 метри воздушна линија. Од една страна е населбата која потсетува на урбанистичките визии на Хитлер и на Мусолини или на Северна Кореја. Од другата страна се подигнати, долгите куќи на старите трговци и трговската населба изградена пред повеќе векови околу кнежевскиот имот.

Rumänien Bukarest Universität, Universitätsplatz
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Само што седнав, се појави стар, слаб и страшен човек кој на масите се обидуваше да продаде некоја од 4-5 книги кои ги носеше. Тие ме потсетија на моето детство. Тој човек никој не го забележуваше. Тука светлото свети за да ги осветли пијалоците и мазните фасади на гостите. Новите времиња сакаат старите да бидат закопани и заборавени.

Нежни листови на дрвото во дворот

Човекот ми раскажа дека од 20 илјади книги од својата библиотека продал осум илјади- за финансиски да му помогне на неговиот болен син. Рече дека во 50-те години, како 18-годишник, наместо татко му бил осуден на 20 години работен логор. татко му се обесил во шумата, кога дознал дека треба да биде уапсен. Судбината на овој човек ја делат уште неколку илјади стари мажи и жени во Букурешт. Луѓето минуваат покрај нив и не ни насетуваат дека ги допрела историја.

Во Романија постои нешто малку цивилно општество, фондации и здруженија се соочуваат со минатото, жртвите смеат да говорат во училиштата а постои и цела низа историски студии и зборници со извештаи од сведоци. Се надевам дека тоа нема да остане само мртва буква.

Речиси до крајот на мојот престој во Букурешт ми изгледаше дека исушеното дрво во задниот двор ми дава за право. Растело покрај гол ѕид од цигли. На неговите гранки никогаш не се одморале птици. А тогаш, пред моето заминување, на врвовите на гранките се појавија нежни листови. На левата страна, жената вредно ги чистеше прозорците, на десната гореше вечното светло.

Писателот Каталин Дориан Флореску е роден во Романија, а од 1982 година живее во Швајцарија. За романот „Јакоб решава да сака" во 2011 година ја доби наградата на Швајцарските книжари.