1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Напад за време на воена парада во Иран

СН/ агенции
22 септември 2018

За време на воена парада во градот Ахваз, непознати сторители отвориле оган врз припадниците на Револуционерната гарда. Има десетици мртви и повредени. Што стои во заднина е сѐ уште нејасно.

https://p.dw.com/p/35KXH
Iran Ahvaz Anschlag auf Militär-Parade
Фотографија: ISNA/S.H. Najaf

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф ги обвини земјите од регионот и нивните „американски господари“ за денешниот напад за време на воената парада на југозападот на земјата. Според последните официјални информации во нападот загинале најмалку 29 лица а десетици, меѓу нив и жени и деца, се ранети.

Зариф преку Твитер предупреди дека Иран, по нападот во Ахваз, ќе реагира брзо и решително во одбрана на иранските животи. 

Претходно државната телевизија јави дека нападот е извршен на воената парада во Ахваз, организирана по повод Националниот ден на вооружени сили, и оти го спровела „група“ непознати напаѓачи.

Iran Ahvaz Anschlag auf Militär-Parade
Фотографија: ISNA/S.H. Najaf

Телевизијата наведе оти напаѓачите се вооружени „Такифири“, израз кој порано се употребуваше да се опише Исламска држава. Прикажани се сцени веднаш по нападот во кои се гледа како болничари му помагааат на едно лице во воена униформа кое лежи на земја. Се гледаат и други припадници на безбедносните сили како викаат едни на други пред бината за парада.

Агенцијата Фарс јави оти двајца вооружени мажи отвориле оган на собраната толпа луѓе. Тие потоа се обиделе да пукаат на бината на која се наоѓале официјални лица, но ги „неутрализирале“ припадниците на вооружените сили.

Iran Stadt Ahvaz
Фотографија: picture-alliance/ISNA/M. Ahangari

Координираните напади кои ги изврши Исламска држава на 7 јуни 2017 година на парламентот и на мавзолејот во Техеран беа единствените напади на оваа екстремистичка сунитска група во шиитски Иран кој дотогаш главно беше поштеден од нивни напади.