1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Најекстремниот виндсурф натпревар во светот

СН/ агенции
12 март 2019

Во северозападниот дел на Ирска денеска завршува Ред Бул Сторм Чејс. За врвните едрачи на даска ова е дефинитивно натпреварувањето со најголеми предизвици.

https://p.dw.com/p/3Er5t
Deutschland Windsurf-Weltmeister Philip Köster
Фотографија: picture-alliance/HOCH ZWEI/J. Pollex

Осум од најдобрите и најавантуристички настроени виндсурфери во светот од неделата се стационирани во округот Донегал во северозападниот дел на Ирска каде учествуваат на најекстремното натпреварување во нивниот спорт- Ред Бул Сторм Чејс. Станува збор за едрење на даска во екстремни услови на бура и леденостудена морска вода.

Како изгледа на годинешниот Ред Бул Сторм Чејс, погледнете во следново видео:

 

Едрење на даска во екстремни услови

Едрачите на даска на првиот ден од годинешниот спектакл на Ред Бул се натпреваруваат во три рунди, во кои во разлутеното море минуваа околу 20 минути, а се оценувани според скоковите, справувањето со брановите и нивната способност за изведување на трикови.

Големината на брановите достигнуваше 10-тина метри, додека силните ветришта се движеа со брзина околу 55-110 километри на час.  Натпреварот завршува денеска, а метеоролозите предвидуваат уште посилни ветришта и поголеми бранови..