1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Уметност

Уништена и осамена: Една година од пожарот во катедралата Нотр Дам

СН/дв
15 април 2020

Катастрофалниот пожар на 15 април минатата година, кој целиот свет го следеше во живо, предизвика огромни штети на париската катедрала. Обновата е сега во застој поради пандемијата на коронавирусот.

https://p.dw.com/p/3H5XK

Големата камбана на јужната кула на катедралата Нотр Дам во Париз ќе се огласи вечерва во 20 часот во знак на сеќавање на првата годишнина од огромниот пожар што ја оштети таа средновековна готска градба. Ѕвонењето на камбаната ќе се совпадне со вечерното ракоплескање на Французите од балконите и прозорците, во знак на поддршка на здравствените работници.

Инаку огласувањето на камбаната ќе биде единствена комеморација за годишнината од пожарот , кој ја претвори катедралата во градилиште, на кое меѓутоа сега работата е стопирана поради пандемија на коронавирус.

Повеќе:

-Германија и Франција соочени со историска економска криза

-Пациентите над 80-години во Стразбур веќе не се ставаат на респиратори

-Француски политичари: САД ни ги земаат „пред нос“ заштитните маски во Кина

Големата катедрала Нотр Дам посветена на Богородица за Французите не е само светски прочуена  средновековна готска катедрала, туку го претставува срцето на Париз и градба која е овековечена од поети, писатели и сликари.

Катедралата ја опеа поетот Жерар де Нервал, кој во 1832 година и посвети песната „Богородичната црква во Париз“. Една година порано, Виктор Иго го напиша романот, „Богородичната црква Богородица во Париз“, литературен омаж за катедралата, ѕвонарот Квазимодо и ромската танчерка Есмералда.

Импресивната катедрала инспирирала и многу сликари низ вековите- од Матис до Пикасо. Уметничкиот омаж на Нотр Дам погледнете го во насловното видео.