1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Медиуми

Опасниот живот на новинарите

Јулија Вергин
2 ноември 2017

Киднапирани, измачувани и убиени: на светско ниво расте насилството врз новинарите. Но, само едно од десет злосторства се расчистуваат. Честопати државите во кои новинарите работат се нивните најголеми непријатели.

https://p.dw.com/p/2mtl3
UNESCO Pressebild Journalistenmorde
Фотографија: UNESCO

530 мртви новинари. Само од 2012 до 2016. Оваа цифра УНЕСКО ја објави во предфиналниот извештај за "Светските трендови за слобода на изразување и развој на медиуми". Според мрежата „Репортери без граници" во 2017 според досегашните информации 47 дополнително влегуваат во статистикава. Тоа е драстичен раст во споредба со претходните години. „Животот како новинар станува поопасен", вели Кристијан Мир, раководител на „Репортери без граници“. Само едно од десет злодела се расчистуваат. ООН во 2013 го прогласи „Денот против неказнивоста на злодела врз новинари". Секогаш е на 2 ноември.

Особено загрозени се т.н.граѓански новинари, кои пишуваат блогови или користат социјални медиуми како Твитер или Фејсбук. Тие информираат од региони или земји во кои класичните новинари не одат. Во резолуција на ООН. од 2014-та за прв пат се оддава признание за улогата и незаштитеноста на граѓанските новинари. Но, и покрај многуте резолуции бројот на убиства е висок.

ROG Geschäftsführer Christian Mihr
Кристијан МирФотографија: Reporter ohne Grenzen e. V.

Човекови права? Не толку битни

Причина за тоа според Мир е распадот на многу држави. „Во Авганистан, Сирија или Сомалија де факто моќта ја презедоа организации кои не се чувствуваат обврзани од етаблираните договори за човекови права." Фактички степенот на убиства е највисок во арапските држави.

Но, распадот на држави не е единствениот проблем, вели Мир. Во многу случаи самите земји немаат интерес да се расветлат злосторствата.„Новинарите често јавуваат за нешта кои не им се допаѓаат на одредени членови на владата или од администрацијата“. За да се види дека е така, не мора далеку да се бараат примери, доволна е на пр.Малта. Мир се сомнева дека постои искрен интерес кај државата за расветлување на убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција.

Киднапирања, апсења и измачувања се почести


Не расте само бројот на убиени новинари, туку и бројот на насилни деликти против нив. Произволни апсења, киднапирања и измачувања се само некои од делата кои ги набројува УНЕСКО. Дополнително се појавува и насилството во дигиталната сфера како кампањи против нив и напади на наивните страни. Многумина од несаканите новинари се дигитално следени на секој чекор. Тоа што можеби звучи безопасно често завршува во реално насилство. „Во половина од случаите кога Репортери без граници пружа итна помош, луѓето дошле во таква акутна ситуација да бидат уапсени или измачувани бидејќи претходно дигитално биле следени", вели Мир.

Насилниците најчесто се државни чинители. Иако повеќето убиства се случуваат во земји во кои владее хаос и државните структури се или минирани или нефункционални, сепак владите се оние кои апсат најголем број новинари. Најчесто тоа се случува во Турција, Египет и Кина.

Заштита преку специјален пратеник на ООН

ООН веќе донесоа неколку резолуции во кои се истакнува значењето на работата на новинарите и се апелира на земјите членки да ги штитат. Во многу земји тоа речиси и да нема ефект. „Репортери без граници“ затоа бараат специјален пратеник на ООН по примерот на оној за деца и оружани конфликти кој во 1997-ма година го назначи ООН. Тој би можел да води независни истраги и да документира случаи на насилство врз новинари за да може кривично да бидат гонети, вели Мир. Идејата има многу поддржувачи, германскиот Бундестаг експлицитно прв побара такво нешто.

Мир смета дека тој би можел да придонесе за поголема заштита на новинарите и на самата тема да и даде поголем тежина, да ги зајакне резолуциите на ООН и да придонесе за поголем публицитет на самиот Меѓународен ден против неказнивоста на злосторства против новинари. „Се надевам дека веќе следната година ќе го имаме."