1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пад на продажбата на автомобили во Европа

ЖА / агенции
17 октомври 2018

Како последица на новите правила во ЕУ за издувни гасови, продажбата на автомобили во септември е намалена за близу една четвртина. Засегнат е посебно автомобилскиот концерн Фолксваген.

https://p.dw.com/p/36fwF
Porsche AG - Neuwagen in Bremerhaven
Фотографија: picture alliance/I. Wagner

Од први септември во Европа важи нова постапка за тестирање на издувните гасови, а во истиот месец бројот на новорегистрирани возила е намален за 23,5 проценти, на 1,09 милиони возила, соопшти претставник на автомобилската бранша денеска во Брисел.

Падот беше очекуван, пред воведувањето на новиот систем за тестирање, ВХЛВТ (Worldwide Harmonised Light Vehicle Test) производителите во август во голем стил ги преплавија пазарите со стари модели, за кои важеше тестирање според стариот систем. Нивната продажба се одвиваше со делумно големи попусти.

На таков начин, пазарот на автомобили во ЕУ во август во споредба со претходниот месец регистрираше пораст од 31,2 проценти. „Логично беше по рекордната продажба во август да следи масивен пад, кој веројатно ќе продолжи и во октомври“, истакнува автомобилскиот експерт Петер Фус. Според него, покрај претходното заситувачко купување, улога ќе игра и лимитираниот избор, зашто одделни модели на автомобили уште не се сертифицирани според новиот систем и затоа не се достапни. Нормализирање на ситуацијата може да се очекува кон крајот на годината. 

Од германските автомобилски производители од овој тренд посебно погоден е Фолксваген, тој бележи минус од 48 проценти во септември. Кај марката Порше бројот на новорегистрирани автомобили назадува дури за две третини.

БМВ пак бележи минус од само 8,6 проценти. Од останатите производители, исто така погодени се Рено со намалена продажба од 27 проценти и Фиат со 32 насто помалку продадени автомобили во септември.

Повеќе: 

Ауди се искупи од дизел - скандалот

Дизел-скандал: Рација во Опел

Најголем пад на продажбата, во просек поголем од целата бранша, се бележи кај дизел возилата - 40 проценти. Овие возила станаа неомилени кај потрошувачите преку дизел-скандалот.