1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата посакува поскромна црква

СН/дв/ртр30 јули 2016

По впечатливата посета на Аушвиц, папата Франциско повторно им се обрати на младите. Тој за време на денешната миса на Светскиот ден ден на католичката младина во Краков упати порака и до претставниците на црквата.

https://p.dw.com/p/1JYxm
Фотографија: Reuters/D. W. Cerny

Папата Франциско се залага за поотворена и поскромна црква. „ Во нашиот живот како свештеници секогаш често може да се постои искушение, малку да останеме затворени во нас во нашите кругови, од страв или од комодитет“, изјави поглаварот на римокатоличката црква на денешната миса во рамките на Светскиот ден на католичката младина кој се оддржува во полскиот град Краков од 26. до 31. јули. Тој вчера го посети и поранешниот концентрационен логор Аушвиц во Полска каде им оддаде почит на милионите жртви на холокаустот. Тој во музејот во логорот остави запис: „Господе смилувај се над луѓето. Господе, прости ја толкавата свирепост“.

Папата престојува во Краков пет дена и утре заминува за Рим. Претходно тој ќе оддржи завршна миса за крајот на шестдневниот Светски ден на католичката младина кој по вторпат се оддржува во Полска. Млади католички верници од 180 земји од целиот свет, деновиве се собирааво Краков. До завршната миса организаторите очекуваат околу 1,5 милиони посетители.

Погледнете го вебвидеото за 31.Светски ден на католичката младина:

Краков под знакот на Светскиот ден на католичката младина