1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Пекинг во делумна изолација поради коронавирусот

СН/агенции
17 јуни 2020

Поради појавата на нови случаи на коронавирусот заштитните мерки во главниот град на Кина се натамошно заострени. Властите прогласија втор највисок степен на тревога. Откажани се најмалку 1250 летови.

https://p.dw.com/p/3dtnV
Coronavirus | China Peking  Ausbruch im Fengtai-Distrikt
Фотографија: picture-alliance/dpa/XinHua/Ren Chao

По појавата на нови кластери на заразени од коронавирусот, ситуацијата во Пекинг останува напрегната. Како што јави здравствената комисија на Пекинг, во градот биле регистрираби уште 31 инфицирано лице.

Со тоа од четвртокот наваму веќе се потврдени 137 нови случаи на Ковид-19 во 20-милионската метропола. Претходно,повеќе од два месеца, во Пекинг немаше заразени од коронавирусот.

Во цела Кина пак во последните 24 часа се потврдени 44 нови случаи. Во оваа бројка се вклучени и случаите од Пекиннг. 11 од новоинфицираните се патници, кои се вратиле во Кина од странство.

Повеќе:

-Кина: Враќање во кризниот режим

-Ново жариште на корона во Кина, изолирани делови од Пекинг

Како реакција на новото избувнување на вирусот, властите прогласија втор највисок степен на тревога. Со тоа делумно го изолираше Пекинг. Летовите од и до главниот град се драстично намалени. Најмалку 1.250 летови беа откажани во кинеската престолнина , односно околу 70 проценти од сите планирани летови.

Кина: Со сите сили и методи против корона-вирусот

Забрана за патување за ризичните региони

Жителите на населбите во Пекинг каде ризикот е оценет како „среден“ или „висок“, повеќе не смеат да го напуштат градот, со цел да се спречи ширење на нови инфекции во другите делови на земјата. На сите останати жители на Пекинг им е дозволено да патуваат само доколку можат да достават негативен тест  на коронавирусот. Училиштата веќе претходно беа затворени . Во другите кинески градови пак е воведена обврска за карантин за патниците од Пекинг.

Coronavirus | China Peking Großmarkt von Yuegezhuang
Фотографија: picture-alliance/dpa/Tass/Z. Rusinova

Властите веќе во изминатите денови  започнаа со целосно изолирање на неколку населби во Пекинг. Речиси 30 станбени населби во градот со 21 милион жители беа ставени во карантин. Десетици илјади луѓе се тестираат на вирусот. Властите сметаат дека новата појава на заразата потекнува од  пазарот Синфади, кој според нивните информации од 30 мај до денеска го посетиле околу 200.000 луѓе.