1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Блокиран центарот на Скопје, полицијата врши проверки

ДТЗ
30 ноември 2021

Засега нема информација дали станува збор за лажна дојава. Полицијата апелира граѓаните да останат смирени.

https://p.dw.com/p/43g0y
Skopje 2014 Theater
Фотографија: DW

Поради пријава за напад, блокирани се сите патишта кои водат до Македонскиот народен театар во Скопје. Полицијата врши проверки на повеќе локации.

Како што дознаваме, МВР постапува по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16.45 во билетарата на МНТ. „Станува збор за стандардни мерки на полицијата по ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста соодветно. Апелираме граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните и точни информации“, велат од МВР. 

На барање на полицијата, евакуирани се и сите околни згради, а полицијата ги блокира и улиците од левата страна на Вардар во центарот на Скопје. 

Вчера три лица беа приведени поради објава на два видео-клипа на платформата „Тик ток“ во кои има лажни закани за можен терористички напад на еден трговски центар во Скопје. Откако биле објавени видеата во акцијата се вклучиле повеќе сектори во МВР, како тој за борба против тероризам и секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, но и Агенцијата за национална безбедност (АНБ).