1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Жртви и повредени во напад со лак и стрели во Норвешка

БГ /АФП
13 октомври 2021

Човек вооружен со лак и стрели убил неколку луѓе и повредил уште неколкумина во југоисточна Норвешка во средата. Напаѓачот е уапсен од полицијата

https://p.dw.com/p/41e1H
Norwegen | Angriff mit Pfeil und Bogen in Kongsberg
Полициска акција во градот Конгсбер по нападитеФотографија: Hakon Mosvold/NTB/REUTERS

Лице вооружено со лак и стрела напаѓало луѓе на повеќе локации во норвешкиот град Конгсбер.

„Можеме да потврдиме дека неколку лица се повредени и за жал неколкумина убиени во оваа епизода“, изјави шефот на локалната полицијата Овинд Ас на прес-конференција. 

Norwegen | Angriff mit Pfeil und Bogen in Kongsberg
Полицијата тврди дека напаѓачот дејствувал самФотографија: Hakon Mosvold/NTB/REUTERS

„Лицето одговорно за ова злосторство е уапсено од полицијата и, според нашите информации, само едно лице било вмешано во нападот“. 

Bildergalerie Bogenschütze Amazonas Indigenous Archery Project
Нападите биле изведени со лак и стрелаФотографија: Reuters/B. Kelly


Мотивот за нападите кои биле изведени на неколку локации во центарот на градот досега не е познат. 

Полицијата одбива засега да соопшти точен број на загинати и повредени во нападот.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема