1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полска „бариера“ на границата со Белорусија

Дојче веле/ агенции
16 октомври 2021

Место бодликава жица, Полска сака да подигне бариери на „солидна висина“ на границата со Белорусија. Во Германија нагло порасна бројот на мигранти кои пристигнаа преку Белорусија и Полска.

https://p.dw.com/p/41kSi
EU Grenze | Polen - Belarus | Migranten aus Afghanistan
Фотографија: Wojtek Radwanski/AFP/Getty Images

Полска во текот на август започна да гради ограда долж границата со Белорусија. Владата на тој начин сака да го запре приливот на мигрантиод кризните подрачја, кои сакаат илегално да влезат во Европската Унија преку Белорусија. Во моментов, на границата има бодликава жица висока околу 2,50 метри. Полска сега дополнителнопоставува бариери на „солидна висина“ на границата, како што рече министерот за внатрешни работи, Мариуш Камински.

И таа бариера треба да биде опремена со систем за надзор, односно сензори за регистрирање на движење. Во буџетот за тој проект се издвоени околу 366 милиони евра, а парламентот допрва треба да го одобри. Владејачката национално-конзервативна партија повеќе нема мнозинство во парламентот, но сигурно е дека пратениците ќе ги поддржат владините планови.

Варшава негира принудно враќање

Полскиот заменик -министер за надворешни работи, Марцин Пшидач, пак, ги демантираше информациите дека неговата земја ги протерува назад во Белорусија, мигрантите кои сакаат да поднесат барање за политички азил во Европската Унија. Ситуацијата на полско-белоруската граница е „вештачка криза, исценирана од белорускиот режим“, а мигрантите „ги користи како инструмент за дестабилизација на источноевропските граници“, рече Пшидач во интервју за ДВ.

„Оние на кои навистина им е потребен азил можат да аплицираат во полската амбасада во Ирак или друга земја, или во која било амбасада во Минск или една од земјите на Блискиот Исток“, додаде тој.

Невладините организации, пред се Каритас и Амнести Интернешнал, тврдат дека полската гранична полиција ги крши правата на мигрантите - туркајќи ги назад во белоруската државна територија. Европската Унија, исто така, ја критикуваше Полска за начинот на кој се справува со моменталната ситуација на границата.

Уште во мај годинава, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, објави дека повеќе нема да ги спречува мигрантите да се обидат да влезат на територијата на Полска или балтичките држави, како реакција на построгите санкции на ЕУ против Белорусија. Брисел го обвини Лукашенко за организиран трансфер на луѓе од кризните области до надворешните граници на Европската Унија. И Летонија и Литванија во меѓувреме ги засилија мерките за заштита на своите граници, но илјадници луѓе се уште пристигнуваат и покрај тие мерки - делумно со помош на шверцери на луѓе.

Расте бројот на мигранти и во Германија

Речиси секој ден, поголеми групи луѓе се откриваат на германската граница со Полска. Од август германската федерална полиција регистрираше повеќе од 4.300 луѓе кои илегално влегле во земјата. Тие доаѓаат главно од Ирак и Сирија, Јемен и Иран.

Федералното Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги презема сите неопходни мерки, што значи дека ги контролира личните документи на одредени лица, дури и во случај кога не постои конкретно сомневање за сторено кривично дело. Според Министерството, другите мерки насочени кон спречување илегална миграција се координираат со партнерите во Германија и во странство. Германија е најпопуларната дестинација за мигрантите во Европската Унија.

Според податоците на германската полиција, од јануари до мај годинава биле регистрирани само 26 лица кои се поврзани со таканаречената „белоруска рута“. Во август имало 474 лица, а во септември уште 1914. Во првата третина од октомври, тој број веќе беше надминат: до 11 октомври, германската полиција регистрираше 1934 лица, кои пристигнаа во Германија преку таа источноевропска рута.