1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Портата на Кина кон глобалните финансиски пазари

Томас Колман/ А.Трајковска3 октомври 2014

Експертите се единствени: Насилно решение на конфликтот во Хонгконг би имало големи економски последици - исто и за Кина. Имено метрополата игра клучна финансиско-политичка улога за Пекинг.

https://p.dw.com/p/1DPRX
Hongkong Skyline Finanzielles Zentrum
Фотографија: imago/Photoshot/Construction Photography

Економски Хонгконг е број еден - и тоа во целиот свет. Тоа е редовно резултатот на индексот за економска слобода кој го издаваат американскиот тинг тенк „Heritage Foundation“ и „Wall Street Journal“. 20 пати по ред поранешната британска колонија се најде на самиот светски врв како економска метропола со поволна бизнис клима. Градот сѐ уште профитира од улогата како врска за бизнисот со Кина. Иако економската тежина на Хонконг по враќањето на Кина и економскиот бум во Народната Република опадна, во 1997 година Хонгконг придонесуваше со 16 проценти од целокупниот кинески бруто домашен производ, додека денес придонесува со само уште три проценти. Сепак Хонгконг е „неизбежен“ за економијата во Народната Република констатираше „The Economist" на крајот на септември.

Берзата во Хонгконг е шеста по големина во светот и втора по големина во Азија. Освен тоа специјалната административна управа е вториот по големина центар за вонберзански инвестиции (Private Equity) во Азија. Повеќе од 70 од 100 големи светски банки се активни во Хонгконг и околу две третини од сите странски директни инвестиции кон Кина се одвиваат преку финансискиот нервен центар на Хонгконг. И години по формирањето на берзите во Шангај и Шенцен - во кои учествува берзата во Хонгконг - Хонгконг е најважниот меѓународен трговски центар за акциите на кинеските претпријатија. Во декември 2013 година вкупно 1643 претпријатија беа на листата на берзата во Хонгконг, од нив 797 претпријатија од Кина. На нив отпаѓаат речиси 60 проценти од берзанската вредност на сите претпријатија нотирани на берзата во Хонгконг.

Börse Hongkong
Берзата во ХонгконгФотографија: picture-alliance/dpa

Факторот правна држава

Меѓународните претпријатија го ценат Хонгконг како важно место за нивните бизниси со Кина не само поради неговата положба во финансискиот свет туку и како место каде постојат правни рамки и независни судови. Доколку се употреби сила против демонстрантите последиците би биле фатални, смета Себастијан Хајлман, шеф на берлинскиот Меркатор институт за кинески студии (МЕРИКС). „Претставници на економската и финансиска елита на Хонгконг не сакаат да продолжат демонстрациите, бидејќи истите веќе сега парализираа дел од економскиот живот на Хонгконг. Од нивен агол воена акција би имала катастрофални последици врз Хонгконг како меѓународна финансиска и економска метропола“.

Sebastian Heilmann
Експертот за Кина Себастијан ХајлманФотографија: MERICS/Marco Urban

Државно-правните рамковни услови и веродостојноста на идната управа во Хонгконг би биле неповратно оштетени доколку војската преземе акција, подвлекува Хајлман.

Пазар за „народната валута“

Хонгконг сѐ уште игра клучна улога во стратегијата на Пекинг, долгорочно, валутата ренминби, односно „народна валута“, да ја претвори во една од водечките светски валути. Во повеќе степени ренминби би требало да стане една од најважните валути за трговија, инвестиции и резерви. Хонгконг е еден од најголемите и најважни трговски пазари за кинеската валута.90 проценти од надворешната трговија во ренминби во 2013 година била спроведена преку Хонгконг. Од јули 2010 банките таму меѓусебно можат да спроведуваат парични трансакции во ренминби, на берзата сѐ повеќе обврзници се тргуваат во кинеската валута и финансиската бранша развива постојано нови финансиски продукти, во ренминби.

China Banknote
Ренминби, валутата на народотФотографија: picture-alliance/dpa

Шангај или Сингапур како профитери од кризата?

Иако Хонгконг е многу важен за пристапот на Кина до меѓународните финансиски и девизни пазари, тој повеќе нема ексклузивна, незаменлива клучна позиција како пред десет години, смета експертот за Кина Хајлман. „Доколку финансиската метропола Хонгконг биде оштетена поради сегашните политички судири, значително ќе го забрза порастот на Шангај во најважна финансиска метропола на Кина- не само затоа што тоа ќе го посакува кинеската влада, туку затоа што и кинеската и меѓународната побарувачка ќе се пренасочи во правец на Шангај“.

Во печатот постојано се шпекулира, каде ќе се повлечат меѓународните концерни, доколку Пекинг избере ескалација. Наводно веќе постојат планови во фиоките на големите меѓународни банки во Хонгконг, еден дел од бизнисите да се пренасочи кон Сингапур.

Shanghai Skyline 22.04.2014
Шангај конкуренција на Хонгконг?Фотографија: imago/CTK Photo

Себастијан Хајман е скептичен: „Сингапур и денес е важна офшор- финансиска метропола за кинеските фирми и инвеститори. Според волуменот и пазарната дистанца, Сингапур не би можел да ги преземе бизнисите на Хонгконг. Во случај на политички удар за метрополата Хонгконг Сингапур би профитирал. Но, најголем профитер како алтернативна финансиска метропола би бил прво Шангај“.

Имено нагло слабеење на Хонгконг како финансиска метропола би значело брз напредок на Шангај како меѓународна финансиска метропола на Кина - во ова е убеден директорот на Меркатор институтот за кинески студии (МЕРИКС).

Реалното кинеско стопанство би можело да издржи насилно решение на конфликото во Хонгконг, смета експертот за Кина Хајлман. „Во економски поглед воен ангажман во Хонгконг со, со него поврзаното најверојатно краткорочни економски удари Кина би можела да ги издржи“. „Economist" на ова гледа поинаку. „Би било голема грешка да се смета дека Хонгконг не е повеќе важен за Кина. Ако Кина би направила нешто, што би го загрозила специјалниот однос, Хонгконг најмногу би страдал, но и Кина би морала да плати висока цена“.