1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Министрите во новата германска влада

9 декември 2021

Германија има нова влада која ја сочинуваат три партии: Социјалдемократите, Зелените и Либералите. Кои се лицата во кабинетот на Олаф Шолц?

https://p.dw.com/p/43za9
Германија Бундестаг Олаф Шолц
Новиот германски канцелар Олаф Шолц во БундестаготФотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture alliance

Олаф Шолц во средата стана нов германски канцелар по 16-годишно владеење на Ангела Меркел, ветувајќи „нов почеток“ за водечката европска економија. Шолц беше официјално именуван за деветти канцелар во поствоената ера од претседателот Франк-Валтер Штајнмајер. 
Новата владина коалиција планира да ги намали емисиите на јаглерод диоксид, да ја подобри дигиталната инфраструктура, да ги модернизира граѓанските закони и да ја подигне минималната плата. 
Покрај канцеларот Шолц, ова се министрите од трипартитната коалиција која ја сочинуваат Социјалдемократите, Зелените и Либералите, и кои ќе треба да ја понесат амбициозната програма.