1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прва жртва во безредијата во Велика Британија

9 август 2011

По третата ноќ со тешки безредија во Лондон и други британски градови, премиерот Дејвид Камерон за в четврток закажа кризна седница на парламентот и најави зголемување на бројот на полицајци во Лондон од 10 на 16 илјади.

https://p.dw.com/p/12DcJ
Фотографија: dapd

Во тешките безредија во британскиот главен град Лондон падна и првата човечка жртва. Полицијата соопшти дека 26- годишен маж им подлегнал на тешките повреди стекнати во измината ноќ откако бил застрелан во оружена престрелка во квартот Кројдон. Тој бил пронајден во неговиот автомобил и префрлен во болница.

По третата ноќ со тешки безредија во Лондон и други британски градови, премиерот Дејвид Камерон за в четврток закажа кризна седница на парламентот. Покрај тоа, тој по расправата во Националниот совет за безбедност најави и зголемување на бројот на полицајци во Лондон од 10 на 16 илјади. Камерон најави и остри казни за повеќе од 450 уапсени насилници. Неколку часови претходно групи младинци во вкупно осум населби во Лондон повторно запалија неколку објекти и бројни автомобили. Во вооружена престрелка во квартот Кројдон тешко е повредено едно лице.

Британските весници пишуваат за „Битката за Лондон“. Безредија меѓутоа имало и во градовите Ливерпул, Бирмингем и Бристол. Повод за нередите е досега неразјаснетото убиство на еден човек кој по полициската акција во лондонската населба Тотенхем бил смртно застрелан.

Автор: СН/ЖА/дв/дпа

Редактор: Жана Ацеска