1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Принципи за пристојна дебата

дв2 октомври 2014

Дојче веле нуди можности за размена на мислења преку своите понуди на страниците на DW.DE, на Твитер, Фејсбук и на други платформи. Ве молиме притоа почитувајте ги нашите правила.

https://p.dw.com/p/1DOmJ
Фотографија: picture-alliance/dpa

Придаваме големо значење на отворенa и пријателска комуникација, исполнета со почит.

Ве молиме придржувајте се до правилата на ДВ за комуникација. Редакцијата си го задржува правото да ги проверува коментарите и да ги крати. Коментарите кои се спротивни на нашите новинарски принципи ќе бидат избришани. Освен тоа, си го задржуваме и правото да ги блокираме корисниците кои повеќе пати не се придржувале кон нашите правила.

1. Јазик

Пишувајте ги вашите коментари на јазикот на којшто е напишан текстот што го коментирате. Коментарите и материјалите на други јазици може да бидат отстранети.

2. Содржина

Расистички, порнографски, сексистички, ксенофобични, дискриминирачки или навредливи содржини ќе бидат отстранети. Тоа се однесува и на прилози и материјали кои повикуваат на насилство или се со агитаторска цел. Ве молиме откажете се од какви било политички апели. Провокативни и подбуцнувачки коментари (Trolling, Flaming) не се дозволени. Верижни писма (упатени на повеќе адреси истовремено), „џанк“ и „спем“ е-пошта, реклами и секакви содржини од комерцијална природа, исто така не се дозволени. Тие ќе бидат веднаш избришани. Дојче веле го задржува правото да ги блокира или и да ги пријави корисниците кои постираат вакви содржини.

Водете сметка и за тоа, Вашите коментари секогаш да се во тесна врска со темите понудени од нас. Од интерес на сите е да се избегнува натрупување на содржини кои не се однесуваат директно или индиректно на тие теми. Истото важи и за содржини кои се поставени повеќе пати (Crossposting).

3. Тон на дискутирање

Ве молиме да го задржите пријателскиот и објективен тон во дискусиите и ако избие спор за одредена тема. Прифатете го мислењето на другите и воздржете се од лични напади. Однесувајте се кон другите корисници онака, како што сакате да се однесуваат кон Вас.

4. Формат

Одбегнувајте постојано користење на големи букви. Ве молиме исто така да одбегнувате повторување на интерпункциски знаци (како на пример ????? или !!!!!)

За да се одбегне предолго време на симнување (даунлодирање), внимавајте Вашитe аудио и видеоматеријали да не бидат подолги од десет минути, а ПДФ документите да немаат повеќе од 5 страници.

5. Авторски права/Цитати

Ако во Вашите прилози цитирате други членови, Ве молиме внимавајте соодветно да ги одбележите. Доколку користите цитати на познати личности, од весници, книги и.т.н., би требало да го наведете авторот, односно изворот на информацијата. Доколку објавувате содржини кои се авторски заштитени, уверете се дека ги имате правата за тоа. Ако не сте сигурни, откажете се од користењето на тие цитати. Ова се однесува и на фотографии, видеа, музика и.т.н.

6. Заштита на податоци

Не е дозволено објавување на лични информации, како адреси или телефонски броеви. Содржини на приватна електронска пошта или пораки од трети лица не смеат да се објавуваат без нивна согласност. Во Ваш интерес е да не објавувате приватни информации за Вас, како телефонски броеви или имејл-адреси.

Користењето на нашата платформа за коментари на DW.DE или учествувањето во нашите социјални платформи како Фејсбук, Твитер и слично, значи дека ги прифаќате овие правила на Дојче веле.

Дојче веле не гарантира за можни грешки, штети или губење на податоци од каков било вид.

Ви посакуваме добра забава и интересни дискусии!