1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На одмор во Хрватска наместо во Грција?

Дуња Драгојевиќ/сн27 јуни 2015

Викендов првите германски ученици тргнуваат на летен распуст. Родителите заминувањето на летен одмор го испланираа веќе неколку месеци порано- пред последното заострување на грчката криза. Се менуваат ли сега плановите?

https://p.dw.com/p/1Fnwc
Фотографија: picture-alliance/dpa

Грчкиот остров Кос е идеална дестинација за Европејците гладни за море и сонце. Песочните плажи повикуваат на сончање на сонце и буричкање во море, а климатската табела ветува во летните месеци температура на воздухот од 25 до 35 целзиусови степени, а на морето меѓу 21 и 24 степени. Но Кос кој е само три ипол километри одалечен од турскиот брег, како што можеше минатите денови да се слушне и прочита во германските медиуми, се наоѓа на рутата на бегалците од Сирија и Авганистан. Освен тоа, медиумите деновиве се полни со прилози за Грција - на долго и на широко се разработуваат можни сценарија за развој на кризата околу празната атинска каса. „Грегзит“ (грчкото напуштање на еврото), државен банкрот, страв од штрајкови, социјални немири- контекстот во кој се споменува Грција ни малку не ветува опуштен летен одмор. Дали е сепак подобро да се помине летниот одмор во некоја друга медитеранска земја, на пример во Хрватска?

Долгогодишна љубов- со мала криза

„Актуелната дискусија околу грчките финансии и иднината во еврозоната не го промени многу туристичкиот интерес за оваа земја. Германците и понатаму со задоволство патуваат во Грција и медиумските извештаи не ги поколебуваат. Тоа ни го докажуваат и бројот на резервации кај германските туристички агенции за ова лето“, вели за ДВ Сибиле Цојх, портпаролка на здружението на германски туристички агенции ДРВ: „Според податоците на истражување на ГфК (најголем германски институт за истражување на пазарот), бројот на резервации за ова лето направени меѓу јануари и мај годинава е на ниво на минатогодишното- во мај дури е забележан значителен пораст.

Griechenland Flüchtlinge Flüchtlingsboot
Фотографија: Reuters/Y. Behrakis

„Грција веќе со години е една од најомилените туристички дестинации за Германците. По малата „криза“ во германско-грчкото туристичко пријателство во 2012., Германците повторно се вратија на грчките плажи. Во 2014. година е забележана рекордна посета на германски туристи- дури 2,5 милиона својот кус или долг одмор го поминале во Грција.

Што ако се врати драхмата?

Германскиот тур-операторски џин ДЕР Туристик ги потврдува наводите на ДРВ. Бренд менаџерот Лотар Минценталер тврди дека германските туристи не се плашат од комликации на одморот во Грција: „Не сме почувствувале пад на интересот. Освен тоа, немаме ни откажувања или промена на резервации за Грција. Резервациите за летната сезона во Грција кај ДЕР Туристик се во двоцифрен плус! Посебно се барани грчките острови Крит и Родос.“

Портпаролката на ДРВ Цојх одлучно тврди дека евентуалното излегување на Грција од еврозоната и воведување на драхмата за германските туристи не би имале никакви негативни последици: „Цената на туристичкиот аранжман се плаќа во евра, без разлика која валута важи во земјата. Туристичките услуги како летовите, хотелските ноќевања или трансфери се веќе купени и договорите се осигурани. Трошоците на самата дестинација- како сувенири или храна во таверни- ќе можат да ја платат во готово, дебитна-картичка или кредитна картичка.“

И ДРВ и ДЕР Туристик укажуваат на тоа оти попрво може да се очекува дека грчките домаќини посебно ќе се потрудат да ги задоволат гостите бидејќи туризмот им е во моментов последна сламка за спас. И иако германските медиуми овие денови известуваа за бран Грци во банките поради страв дека од банкоматите наскоро нема да можат да се земат пари и за препораките на „стручњаците“ за германските туристи со себе на одмор во Грција да понесат готовина за три-четири дена, германските тур-оператори не издаваат никакви посебни предупредувања за оваа земја. „Нема посебни ограничувања за туристите па од нас не добиваат ништо поинакво од обично“, вели Минценталер од ДЕР Туристик, а Сибиле Цојх од ДРВ укажува: „Како и во секоја друга земја- па и во Германија- понекогаш може да дојде до штрајк или протести, но тие по правило се најавуваат така што тур-операторите можат да организираат алтернативи.“

Kroatien Stadt Dubrovnik
Фотографија: picture-alliance/dpa

Розеви прогнози за Хрватска

Но, и покрај тоа што, очигледно не може да се очекува германските гостин масовно во последен час да ги променат своите планови и Егејското да го заменат со Јадранското Море, Хрватска нема причини за незадоволство од изгледите за оваа сезона. Барем кога станува збор за германските гости. Торстен Шефер од Сојузот на германски туристички агенции ДРВ укажува на податокот дека до крајот на мај 2015. година бројот на Германци кои уплатиле летен одмот во Хрватска преку германски туристички агенции е за 8,6 насто поголем отколку во минатата години и оти вредноста на купените аранжмани е поголема за дури 20 насто.

Дека Хрватска е многу популарна земја за одмор кај Германците потврдува и бренд менаџерот на водечката тур-операторска групација на германскиот пазар: „Уникатниот брег, преубавите градови и гостопримството беа и останаа туристички магнет“, вели Лотар Минценталер од ДЕР Туристик: „Патувањата во градови како Дубровник и Сплит се еднакво омилени како и одморот на плажа, семејните кампувања и престојот во мали семејни хотелу на еден од островите со недопрена пририда.“ Хрватска , заклучува Минценталер, е дестинација еднакво погодна и за семејствата и за двојките без деца, како и за самците.