1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин и Трамп на рандеву во Париз

СН/ агенции
24 октомври 2018

Во спорот околку откажувањето на договорот ИНФ, рускиот претседател Путин и неговиот американски колега Трамп договорија разговор во четири очи. Советникот за безбедност на Трамп, Џон Болтон престојува во Москва

https://p.dw.com/p/375Aa
Russland Mittelstreckenraketen in Schukowski
Фотографија: picture alliance /dpa/Sputnik/I. Pitalev

Самитот според привремениот план би требало да се одржи во Париз на 11 ноември на маргините на прославата на крајот на Првата Светска Војна пред 100 години, соопшти советникот за надворешна политика на претседателот Владимир Путин, Јури Ушаков. Претходно Путин му беше домаќин на советникот за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон. Тој порача дека претседателот на САД сака да разговара со својот руски колега Владимир Путин на 11 ноември во Париз.

„Претседателот Трамп ќе биде многу среќен со Вас да разговара во Париз на маргините на комеморацијата по повод стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна“, рече Болтон на состанокот со Путин во Москва.

Russland Moskau - Vladimir Putin, John Bolton
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Zemlianichenko

Путин во таа пригода, пак, истакна дека  би сакал продолжување на дијалогот со американскиот претседател Трамп и покрај „непријателските чекори“ од страна Вашингтон.

Повеќе на темата:

-Потег на Трамп од кој ќе профитира Москва

-Москва предупредува од нова трка во атомско вооружување

Путин на советникот на Трамп за национална безбедност, Џон Болтон, му рече оти Русија е збунета „поради неочекуваните потези кои тешко можат да се наречат пријателски“, мислејќи притоа во прв ред на најавата за откажување на САД од Договорот за неширење на атомскиот проектили од среден дострел (ИНФ).

На одбележувањето на стогодишнината на завршувањето на Првата светска војна ќе присуствуваат над 60 шефови на држави.Трамп и Путин првпат се сретнаа во јули годинава во Хелсинки, по што Трамп беше цел на бројни критики поради неговиот помирлив однос кон рускиот колега.