1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Радикални исламисти го извршиле масакрот кај Смиљковци

ЖА/БГ/миа1 мај 2012

Македонското министерство за внатрешни работи ги откри извршителите на масакрот кај Смиљковско Езеро, соопшти денеска надлежната министерка Гордана Јанкуловска.

https://p.dw.com/p/14nYG
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Станува збор, како што соопшти денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за група од Скопје- следбеници на радикалниот ислам. Приведените војувале во Авганистан и во Пакистан против НАТО војниците. Приведени се 20 лица по различни основи. Од приведените, некои се директно инволвирани во убиствата, но има и лица за кои нема податоци. Најголем дел од нив се македонски државјани. МВР против нив ќе поднесе кривични пријави за тероризам.

Утринава МВР спроведе една од досега најсложените операции поврзана со масакрот кај Смиљковското Езеро. При извршените претреси утрово во 26 објекти, во најголем дел на територија на градот Скопје, и во активностите во полициската акција „Монструм“, во која учествуваат над 800 припадници на МВР (УБК и БЈБ), пронајдено е поголемо количество оружје, литература која укажува на идеолошката припадност на овие лица и други предмети, кои би можеле да бидат или се користени при извршување кривични дела. Во тек е вештачење дали пронајденото оружје е користено во петкратното убиство.

На 13. април на брегот на езерото кај Смиљковци свирепо беа убиени Кире Тричковски, Александар Наќевски, Филип Славковски и Цветанчо Ацевски на возраст од 18 до 20 години, како и Борче Стефановски (45) од скопското село Црешево. Петмината, според досегашните информации на полицијата, убиени се од автоматско оружје од непосредна близина.

Ден подоцна полицијата на 10 километри од местото на масакрот пронајде автомобил „опел омега“ за кој подоцна се потврди дека бил на местото на убиството и бил користен од убијците.