1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Руски воен авион соборен пред сирискиот брег

СН/ агенции
18 септември 2018

Руски извидувачки авион бил соборен во Средоземното Море од страна на сириската противвоздушна одбрана. Станува збор за превид, соопшти министерството за одбрана во Москва.

https://p.dw.com/p/353u8
Syrien Luftwaffenstützpunkt Hmeimim
Фотографија: Getty Images/AFP

Портпаролот на министерството, генералот Игор Конашенков, сепак, го обвини Израел за погрешниот погодок на сириската противвоздушна одбрана: негови авиони-ловци од типот Ф-16 се криеле зад рускиот авион при нивниот напад врз цели во Сирија. Конашенков зборуваше за 15 загинати војници. Русија, рече тој, го задржува правото да одговори соодветно на „непријателските" акции од страна на Израел.

Руската новинска агенција РИА  уште објави дека Израел ја известил Русија за воена операција во регионот само една минута пред нејзиниот почеток. Времето не било доволно за извидувачкиот авион да дојде на безбедна локација.

Воздушни напади на Израел и Франција

Според министерството, авионот од типот Иљушин II-20 исчезнал од радарските екрани околу 22 часот, за време на слетувањето на воздухопловната база Хмејмим, во близина на северниот сириски град Латакија. Во исто време, четири израелски борбени авиони и еден француски воен брод спроведувале напади врз владини објекти во Латакија

Karte Russland Sotschi Syrien Latakia ENGLISCH

Претходно, очевидци ги потврдија нападите во оваа област. Сириските воздухопловни сили известија дека пресретнале неколку проектили истрелени од Средоземното Море врз технолошки објект во државна сопственост во пристанишниот град. Според опозициската опсерваторија за човекови права, цел на нападот бил магацин за ракети. Притоа биле слушнати силни експлозии. Засега не е потврдено, кој стои зад нападот.