1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самсунг го запре производството на Галакси Ноут 7

ЕМФ /агенции
10 октомври 2016

Тежок удар за Самсунг: поради проблемите со батериите, запрено е поризводството на Галакси Ноут 7. Акциите на концернот паднаа за три проценти.

https://p.dw.com/p/2R4Do
Samsung Galaxy Note 7
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Young-joon

Самсунг го запре производството на мобилните телефони Галакси Ноут 7. Одлуката е со привремена важност, јави јужнокорејската агенција Јонхап. Повикувајќи се на изјави на анонимен соaрботник на партнерска фирма на Самсунг, агенцијата јавува дека одлуката е донесена по договор со властите во Кина и САД.

Самсунг прво не се изјаснуваше околу ваквата информација. Потоа концернот издаде соопштение во кое се вели дека производството на апартите ќе биде „прилагодено“, за да се обезбеди квалитет. По веста, вредноста на акциите на Самсунг на азиските берзи падна за повеќе од три проценти.

Галакси Ноут 7 нема да се произведува

Корисниците на Галакси Ноут 7 претходно јавуваа за проблеми и со апаратите кои од Самсунг ги добија како замена за првите апарати, чии батерии пламнуваа. Самсунг на средината од септември ги повлече дотогаш испорачаните мобилни телефони Галакси Ноут 7 поради тоа што при полнењето на батериите апаратите експлодираа или пламнуваше оган. Меѓутоа, производството продолжи и натаму. Мобилните телефони требаше да бидат заменети со нивна нова верзија, која требаше да има подобрени батерии. Меѓутоа, муштериите минатата недела се жалеа на пожари и на овие апарати.