1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Никола Саркози осуден на три години затвор

ЕМФ | агенции
1 март 2021

Поранешниот француски претседател Никола Саркози е осуден на три години затвор поради поради поткуп и вршење недозволено влијание.

https://p.dw.com/p/3q3ps
Frankreich | Urteil im Prozess gegen Nicolas Sarkozy
Фотографија: Michel Euler/AP Photo/picture alliance

Пред девет години ја напушти Елисејската палата, сега е осуден на казна затвор. Поранешниот француски претседател Никола Саркози доби три години затвор поради поткуп и вршење недозволено влијание. Од тоа, две години се условна казна. 66-годишниот Саркози најверојатно нема да мора да замине во затвор, туку ќе може да ја одлежи казната дома под електронски надзор.

Денеска е осуден и долгогодишниот адвокат на Саркози, Тјери Херцoг, како и обвинителот Гилберт Азиберт. Дvајцата добија иста казна како и Саркози - три години затвор, од кои две години условна казна.

Судскиот процес предизвика огромно внимание во Франција. Саркози е обвинет дека по својот мандат (2007-2012), во 2014 година, поткупил обвинител во Врховниот суд, за да дојде до информации за истражната постапка која се водела против него. Политичарот, како што се тврди, му понудил на обвинителот поддршка при неговото конкурирање за работно место во Монако.

Случајот е познат во Франција како „Афера со прислушување“. За да му дојде на трага на Саркози, правосудството дало налог за прислушување на телефонските разговори помеѓу поранешниот француски претседател и неговиот адвокат Тјери Херцог.

Саркози ги негираше обвинувањата. Иаконема никаква функција во моментов, тој до денес за многу приврзаници на граѓанската десница во Франција претставува лидерска фигура.