1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Саудиска Арабија извезува екстремизам во светот

Матијас фон Хајн
10 јули 2017

Според британска студија, Саудиска Арабија има централна улога во радикализирањето на муслиманите во светот. Со саудиски пари се врши влијание и врз вахабитската сцена во Германија.

https://p.dw.com/p/2gFAV
Salafisten in Deutschland
Фотографија: picture-alliance/dpa/ W.Steinberg

Дојче веле: По крвавите терористички напади во Велика Британија, темата радикализација засилено се истражува. Британскиот истражувачки центар Хенри Џексон Сосајети објави извештај за странското финансирање на исламисти во Велика Британија. Во него, Саудиска Арабија е наведена како најважен финансиер. Во последните 50 години, Ријад во ширењето на вахабизмот вложил најмалку 76 милијради евра, при што вахабизмот ја претставува идеолошката основа за екстремистичките и џихадистичките движења во цел свет. Дали Ве изненадува ваквото тврдење? 

Сузане Шретер: Наодот воопшто не ме изненадува. Имено, одамна е познато дека Саудиска Арабија ја шири вахабитската идеологија, која е во голема мерка слична на онаа на т.н. Исламска држава. Притоа, во странство не се испраќаат само пари, туку и пропаганден материјал и организациски ноу хау. Се ополномоштуваат луѓе за градење џамии, образовни институции, културни центри и слично, во кои се шири вахабитската идеологија и, да биде работата уште полоша, тоа се прави со голем успех.

Susanne Schröter Leiterin Frankfurter Forschungszentrum Globaler Islam
Сузане ШретерФотографија: picture-alliance/dpa/FFGI

Каде најмногу се потпомага екстремизмот со петродолари?

Извозот на вахабизам доби замав првенствено по исламската револуција во Иран. Таа револуција сериозно ги потресе Саудијците. Кога Иран почна со ширење на својата шиитска идеологија, Саудиска Арабија почна да се чувствува загрозена. Парарелно со тоа, тврдолинијашите истата година ја зазедоа Големата џамија во Мека. Саудијците тогаш тргнаа во офанзива на ширење на својата идеологија. На тврдолинијашите во земјата ќе им покажеме дека е тоа можно. Тогаш Саудиска Арабија да го поддржува вахабизмот преку своите сојузници и организации како Светската муслиманска лига, и тоа во различни земји од Азија, Африка и делумно Европа. Во Европа, вахабизмот почнаа да го поддржуваат пред сѐ на просторите на бивша Југославија во кои се водеше војна меѓу муслимани и христијани. Се виде дека постои податлив простор онаму каде живее муслиманско население, дека е тоа отворено за нови, радикални идеологии, а за тоа се потребни пари.

Резултатот е тоа што во многу делови во светот радикалната форма на исламот добива сѐ поголемо значење. Во југоисточна Азија тоа можев да го доживеам најизразито: јужен Тајланд, Индонезија, Филипини, делумно и Малезија се места каде среќаваме специјален ислам, многу поотворен и потолерантен. Меѓутоа, во последните три децении неговиот развој драматично оди во радикална насока. Сосем разбирливо, ваквиот развој е унапреден со пари од Саудиска Арабија. Но, и преку други форми, на пример - млади интелектуалци со великодушни стипендии се врбувани да студираат на саудиски универзитети. Кога ќе го завршат факултетот, се враќаат во своите татковини и одеднаш почнуваат мисионерска активност во смисла на ширење на вахабизмот. 

Salafisten-Kundgebung in Pforzheim
Пјер Фогел, најпознатиот германски салафистФотографија: picture-alliance/dpa/U. Deck

Пјер Фогел, можеби најпознатиот салафиски проповедник во Германија, со помош на саудиска финансиска поддршка, студираше во Мека. Саудиска Арабија врши радикализирачко влијание врз муслиманите во Германија, барем така тврдеа германските медиуми во декември 2016 година, повикувајќи се на извори од тајните служби. Поинаку кажано, верски фондации од заливските држави, посебно од Саудиска Арабија, со одобрение од нивните влади, ги поддржуваат салафистите во Германија. Дали ова одговара на Вашите сознанија?

Саудиските државни институции делумно беа масивно вклучени. Во Берлин постоеше саудиски аташе, Мохамед Факихи. Докажани се неговите врски со терористичката келија од Хамбург, која во 2001 година изврши напади врз Светскиот трговски центар во Њујорк. Факихи исто така имал добри врски со берлинската џамија Ал-Нур, често споменувана како главно собиралиште на салафистите. Пратеникот веќе не е тука, но тогаш првпат го сврте вниманието врз себе. 

Очигледно е - саудиските фондации се активни насекаде, некогаш легално, а некаде преку посредници како што е Надеем Елиас. Тој во 2006 година беше претседател на Централниот совет на муслиманите во Германија, кој често се доведува во врска со саудиски фондации или со Светската муслиманска лига и Светскиот сојуз на млади муслимани. Но, јасно е дека и во Германија постојат организации и поединци кои сериозно се занимаваат со вахабизирање на муслиманите во Германија.

Не смееме да го заборавиме фактот дека Саудијците не се единствени финансиери. Тука се и Катар и Кувајт. Постојат и други заливски држави кои ги поддржуваат радикалните сили во Германија. На пример, Иран. Иран во Берлин основаше институт за мисионерска работа. Би се зачудиле ако видите каде одат парите. Германија е генерално поле на кое дејствуваат странски екстремистички организации.

Професор д-р Сузане Шретер е раководител на Центраот за истражување на глобалниот ислам во Франкфурт и директор на неколку реномирани светски институти.