1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
6 фотографии
Мелиса Су-Џи Брунерсум
14 ноември 2020
https://p.dw.com/p/3lI7D

Американските медиуми го објавија за изборниот победник во последните две преостанати сојузни држави. Според нив, новоизбраниот претседател Бајден  победил во Џорџија, а поразениот актуелен претседател Трамп во Северна Каролина.

Една и пол недела по претседателските избори во САД, резултатите сега се јасни во сите 50 сојузни држави, јавија четирите најголеми американски ТВ-мрежи. Победата во Џорџија на Бајден му носи 16 избирачи електорски гласови а Северна Каролина на  Трамп, 15 избирачи електорски гласови.

Со тоа Бајден освоил вкупно 306, а Трамп 232 електорски гласови во претседателската трка.  Точно е дека во Џорџија гласовите повторно се пребројуваат заради тесниот резултат. Сепак, експертите не пверуваат дека ќе има некои поголеми промени.

Трамп и натаму одбива да го признае резултатот на изборите, иако поголем дел од светските државници веќе му ја честитаа победата на Бајден, со впечатливи исклучоци. Погледнете кои се тие во нашата фотогалерија: