1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сеќавање на жртвите од Виненден

Дојче веле/Агенции21 март 2009

Илјадници луѓе денеска се собраа во малото германско гратче, каде пред десет дена 17 годишно момче застрела 15 луѓе, пред и самото да си пресуди. Присуствуваа и германскиот претседател и канцеларката.

https://p.dw.com/p/HGps
Свеќи и цвеќе за загинатитеФотографија: AP

Во црквата во Виненден немаше доволно место да ги собере сите кои сакаа да им оддадат почит на жртвите, тука има само 900 седишта, останатите останаа надвор.

Во германската покраина Баден Виртемберг, во Виненден, денеска (21.03.2009) се одржа централната комеморација за жртвите на масакрот од 11 март, кога 17 годишно момче уби 15 лица пред самиот да се застрела. На комеморацијата присуствуваше и германскиот претседател Хорст Келер, кој во својот говор потсети на страшните последици од ваквите недела:

„Ништо не е како што беше. Масовните убиства како она во Ерфурт, во Емстетен и сега во Виненден и Вендлинген на болен начин ни го носат пред очи сознанието колку повредлив и кршлив е нашиот живот, колку се лажни нашите чувства за нормалност и безбедност. Ваквите дела не‘ доведуваат до границите на разбирањето“, изјави Келер. Тој го повика општеството на борба против екстремното насилство во филмовите и компјутерските игри. Не е на потег само државата, туку сите ние, потенцираше германскиот претседател.

На комеморацијата присуствуваа и германската канцеларка Ангела Меркел, покраинскиот премиер Гинтер Етингер и бројни политичари, како и блиски на загинатите.

Trauerfeier Winnenden Bundeskanzlerin Angela Merkel gefolgt von Günther Oettinger 2
Ангела Меркел и Гинтер ЕтингерФотографија: AP

Против насилство на екраните

Претходно семејствата на пет убиени ученици во Виненден се обратија со отворено писмо до политичарите.Тие меѓу другото апелираат на младите да им биде отежнат пристапот кон оружје, на телевизиските екрани да биде ограничено прикажувањето насилство и да бидат забранети насилните компјутерски игри.

17 годишниот Тим К. уби три наставици, девет ученици, а во блиското гратче Вендлинген уште три лица со пиштол кој го украл од својот татко, кој е стрелец по хоби. Мотивите за убиството се нејасни, но се твди дека момчето често играло компјутерски игри и страдало од депресија.