1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сириските безбедносни сили повторно пукаат

23 април 2011

Состојбата во Сирија не се смирува. Откако вчера околу 90 луѓе беа убиени во досега најкрвавата интервенција на сириските безбедносни сили против демонстрантите кои бараат реформи, денеска повторно загинати и повредени.

https://p.dw.com/p/112qm
Фотографија: AP

На погребите на вчера (22.04.) убиените демонстранти во близина на сирискиот град Асраа, денеска безбедносните сили на Сирија повторно пукаа. Според очевидци, пукано е и врз погребни поворки во предградие на Дамаск и притоа загинале најверојатно шест лица, а неколкумина се повредени. Во Сирија и денеска илјадници луѓе на улиците бараат смена на системот, а на погребите на жртвите во вчерашниот „крвав Велипеток“ се извикуваше „долу за режимот“ на претседателот Башар ал-Асад.

Десетици илјади луѓе во Сирија вчера, само еден ден по укинувањето на речиси 50-годишната вонредна состојба во земјата, излегоа на улиците да бараат повеќе демократија и политички реформи. Толку многу, како никогаш досега. Според изјави на очевидци и на борци за човекови права, безбедносните сили во повеќе градови употребиле солзавец и пукале врз демонстрантите.

Постапките на режимот предизвикаа огорченост во светот и беа најостро осудени. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, побара веднаш да се стави крај на „насилството против мирните демонстранти“. Според портпарол на Бан, генералниот секретар на светската организација ги опоменал сириските власти да ги почитуваат човековите права и побарал независна истрага за истрелите, од кои загинаа десетици луѓе. Американскиот претседател, Барак Обама, го повика сирискиот претседател Башар ал Асад да ја слушне волјата на народот и да ги исполни барањата за слобода на мислење, на здружување и на собирање, како и да дозволи можност народот самиот да одлучува за своето политичко раководство. Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг го осуди „неприфатливото убивање демонстранти“ и ги повика сириските безбедносни сили да практикуваат „воздржаност, а не репресија“. Осуда стигна и од Европскиот парламент. Претседателот на Парламентот, Јежи Бузек, побара „крвопролевањето веднаш да престане, исто како и апсењата, убиствата и измачувањата“. Според него, „само најави веќе не можат да го залажат народот“ и потребно е спроведување на ветените реформи.

Flash-Galerie Syrien Homs Militär
Фотографија: AP

Пукање за да се предизвика паника

Очевидци тврдат дека врз демонстрантите во Сирија вчера (22.04.) не пукале полицајци во униформи, туку снајперисти во цивилна облека, кои биле на покривите и во толпата народ што демонстрирала пукале своеволно, со цел да предизвикаат паника и страв. Сириските режимски медиуми ги окарактеризираа снајперистите како „неидентификувани вооружени лица“. Државната сириска новинска агенција Сана јави дека голем број од тие што пукале се уапсени. Опозиционите активисти, меѓутоа, проценуваат дека снајперистите се дел од моќниот апарат на власта, зашто во земја со толкав полициски апарат и тајни служби е незамисливо толкав број вооружени лица координирано да можат да се позиционираат на покривите во центрите на најголемите градови во земјата.

Автор: ЕМФ/ТТ/дпа/афп/дапд

Редактор: Трајче Тосев

„По укинувањето на вонредната состојба очекуваме ослободување на сите политички затвореници. Трето, враќање на стотици илјади луѓе од егзил. Четврто, давање дозвола за формирање нови партии и здруженија и петто - термин за слободни парламентарни и претседателски избори.“

Опозицијата во Сирија бара уривање на режимот и распуштање на тајните служби. Но, прво треба да заврши пукањето врз мирните демонстранти, вели сирискиот активист за човекови права кој е во егзил во Лондон, Анас ал-Абдах. За опозицијата се важни и следниве барања: