1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скопје заробено од смог и магла

Костадин Делимитов
21 ноември 2016

Почетокот на зимата го врати стариот проблем на Скопје: загадувањето. Жителите на градот денеска се разбудија под дебел облак од смог, чад и магла. Мерните станици покажуваат алармантни концентрации на отровни материи.

https://p.dw.com/p/2T1Vj
Mazedonien - Proteste in Skopje
Фотографија: MIA

Жителите на Скопје утрово се разбудија во облак од смог и магла. Според мерните инструменти, состојбата е алармантна во повеќе населби во градот, а регистрирано е високо присуство на отровните честички ПМ10. Особено погодени се населбите Гази Баба, Аеродром, Ново Лисиче, Центар и Карпош. 

Скопје заробено од смог и магла

Концентрацијата на ПМ10 честичките кои се особено опасни по здравјето, во повеќе населби е за повеќе од 10-пати над дозволеното.

Стандардна препорака во вакви ситуации е доколку нема потреба, да не се излегува од домовите. Загадувањето во Македонија годишно предизвикува смрт на најмалку 1.300 луѓе. Причините се повеќеслојни, а драматичниот пораст на загадувањето во Скопје во текот на зимските месеци се должи како на географските услови, така и на засиленото греење во домаќинствата каде неретко освен дрва се користи и отпад и гуми.